Faurecia доби 213 милиони евра јавни пари на европските граѓани, за својот проект за развој на технологија за водороден погон, од страна на Европската Комисија. Средствата ги обезбедува програмата Hydrogen IPCEI.
Францускиот добавувач на компоненти за фабриките за автомобили планира да развива евтини решенија за чиста мобилност. Главното тежиште е ставено на развој и производство на нова генерација резервоари за водород, како во гасна, така и во течна состојба. Планирани се две генерации резервоари, со тоа што втората треба да биде готова до 2027 година.
Faurecia во почетокот на годинава ја презеде Hella и од тоа се создаде новата компанија Forvia. Производството на новите резервоари за водород ќе започне во 2024 година, во фабриката во Алaнжоа, во источна Франција. Целта е да се постигне годишна продукција од 100.000 парчиња. Faurecia исто така соработува со производителот на автомобилски гуми Michelin, во развојот на погонска технологија со горивни ќелии, во партнерство под името Symbio.
Европската Комисија на 15-ти јули обврза 13 држави членки да обезбедат средства во висина до 5,4 милијарди евра, во корист на програмата Important Project of Common European Interest (IPCEI). Со оваа програма се подржува развојот, истражувањето и првата индустриска примена на водородна технологија во регионот
Комисијата бара зголемување на фондот за поддршка на водородот, како гориво што може да се произведува со користење енергија од обновливи извори и којашто може да ги замени фосилните горива во индустриските процеси што загадуваат.
Меѓу останатите клучни „IPCEI“ за европската мобилност се поддршката на производството на батерии за електрични возила во Европа, како и проширување на производствениот капацитет за чипови.
















