Американскиот огранок на Toyota соработува со тамошното министерство за енергија, во проектирање, изградба и користење на систем за производство на електрична енергија од водород, со моќност од 1 мегават. Водородната централа се гради во Арвада, Колорадо.
Во проектот во вредност од 6,5 милиони долари и во времетраење од три години, Toyota ќе соработува со американската лабораторија за обновлива енергија NREL, во систем со горивни ќелии, односно систем за производство на електрична енергија од водород. Горивните ќелии се основниот модул во којшто се одвива производството на електрична енергија. Повеќе такви модули се составуваат во систем од горивни ќелии, што Toyota вградува во својата лимузина Toyota Mirai. Овој сериски автомобил веќе се има произведено во десетици илјади примероци, во своите две генерации досега.
Технологијата на водороден погон со горивни ќелии на Toyota добива сé поширока примена. Овие горивни ќелии ќе бидат интегрирани во масивен систем во којшто ќе се произведува електрична енергија, во капацитет со моќност од 1 мегават. NREL претходно реализираше проект, во којшто се докажа дека горивните ќелии на Toyota може да се користат за електрична енергија за напојување на компјутерски центар. Овојпат станува збор за многу помасивен систем, со 15 пати повисока моќност и можност за испорака на еднонасочна и наизменична струја.
Искуството на Toyota во водородниот погон се гради над 25 години и истото е клучно за проектирањето на системот од 1 мегават. Јапонската компанија соработува со системскиот интегратор Telios, во проектирањето и во изградбата на системот што ќе испорачува енергија за NREL.

Целта на проектот на Toyota и NREL, што се финансира од државниот буџет, е да се провери дали постојат ограничувања во перформансите, слабеење на перфомансите со текот на времето, како и да се добијат искуствени податоци, што ќе бидат корисни за реализација на идни проекти во масивни размери. Инженерите ќе тестираат и како системот е однесува кога ќе се комбинира со складирање на енергија и со други начини на производство на чиста струја, односно соларна енергија или ветер.
https://photos.app.goo.gl/Un6myMw7KWjQaqdx7
Централата се состои од електролизер со мембрана за размена на протони (PEM) со моќност од 1,25 мегават, од резервоари за водород со капацитет од 600 килограми и од генератор со горивни ќелии со моќност од 1 мегават. Системот ќе биде пуштен во работа веќе во текот на летово.
A project in the foothills west of the Denver metro area will be testing the limits of using renewable energy to make hydrogen fuel cell power on an industrial scale. https://t.co/NDI9rFW6Zw
— Denver Business Journal (@denbizjournal) August 24, 2022
Водородна електрана од 1 MW дава струја за фабриката на Ferrari
















