Водородна електрана од 1 MW дава струја за фабриката на Ferrari

Електраната е изградена од Bloom Energy и пуштена е во работа пред неколку денови. Таа покрива 5% од енергијата што ѝ е потребна на фабриката на Ferrari. Многу повеќе значи тоа што се смалува потрошувачката на горива, а со тоа и емисијата.

Во споредба со системите што работат на принципот на когенерација, потрошувачката на гас се смалува за 20% и воедно се постигнува значително смалување на потрошувачката на енергија.

Покрај тоа што се одликува со висок степен на ефикасност, иновативната технологија во новата електрана во Маранело нуди широк избор од енергетски извори, што се потребни за погон на електраната. Може да се користи водород, но и природен гас, биометан или комбинација. Во горивната ќелија, којашто е основа на целиот систем, се врши претворање на горивото во електрична енергија, без согорување на истото.

Уште една предност, во споредба со системите со споредлва моќност што беа користени досега, претставува намалувањето за 99% на штетните материи, што водат до создавање смог и ослободување неразградливи честички (PM).

https://photos.app.goo.gl/oWmuYe6Trr7LyKX66

https://photos.app.goo.gl/pLJcTKXmSoMaKWJq8

[the_ad id=”69797″]

Водород како гориво се точи на 685 станици ширум светот

Претходна објаваМилано се буди со звукот на најбрзата Alfa Romeo во 5.30 часот
Следна објаваБугарија меѓу ЕУ-земјите што бараат одложување на крајот на дизелот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here