за

Бугарија меѓу ЕУ-земјите што бараат одложување на крајот на дизелот

Пет држави членки бараат ЕУ да го одложи ставањето крај на продажбата на возила со мотор со внатрешно согорување во 2035 година.

Бугарија, Романија, Португалија, Словачка и Италија се петте европски држави членки на Унијата, што бараат емисијата на СО2 од автомобилите да се намали за 90% до 2035 година, за целосното преоѓање на продажба на електрични автомобили да се одложи дури за 2040 година.

Според документите со коишто располага новинската агенција Ројтерс, пет држави членки на ЕУ – Бугарија, Романија, Португалија, Словачка и Италија – бараат одложување на плановите на Унијата, по 2035 година да се забрани продажбата на нови автомобили со бензински или дизел мотор. Се бара одложување за пет години.

Оваа насочница на ЕУ претставува носечки столб на плановите на Унијата за справување со растот на штетните емисии од транспортот, како и за забрзување на преоѓањето на електрични автомобили. Унијата има цел, емисијата на стакленички гасови на рамниште на целата економија, до 2030 година да се намали за 55% во споредба со нивото од 1990 година.

Со предлогот за намалување на емисијата на СО2 од автомобилите, што Европската Комисија го поднесе лани, се бара 100% намалување на емисијата на СО2 од новите автомобили од 2035 година. Тоа значи дека по тој рок, во ЕУ повеќе нема да смее да се регистрира нов автомобил што користи мотор со внатрешно согорување.

Министрите од членките на ЕУ планираат усогласување на своите позиции во текот на претстојната седмица, пред да се премине на донесување конечен закон во Парламентот на ЕУ. Таму неодамна беше изгласана забрана за автомобили со мотор со внатрешно согорување по 2035 година.

Во документот што кружи меѓу членките, петте држави побарале намалувањето да биде 90 место 100% до 2035 година, за целосна забрана за регистрација на нови автомобили со мотор со внатрешно согорување да стапи на сила по 2040 година.

Бугарски претставник, кој не е именуван во веста од агенцијата, изјавил дека политиката за климата треба да ги зема предвид економските и социјалните фактори, како што се „значителните разлики“ во куповната моќ меѓу меѓу државите членки на ЕУ.

Брисел е на ставот дека 2035 година е клучниот датум, затоа што просечниот век на експлоатација на новите автомобили изнесува 15 годино. Доколку тој датум се одложи, тогаш се оневозможува и достигнувањето на најголемата цел, а тоа е целосна забрана за користење возила со погон со мотор со внатрешно согорување до 2050 година. Без таа цел, климатските промени ќе достигнат катастрофални мери.

ЕУ реши: Од 2035 година ќе се продаваат само електрични автомобили

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Водородна електрана од 1 MW дава струја за фабриката на Ferrari

Светот брои 500.000 примероци од Opel Crossland