Водород како гориво се точи на 685 станици ширум светот

Проблемот е истиот со којшто се соочуваат батериските електрични автомобили. За пазарот на водородни електрични автомобили да заживее во поголем обем, неопходна е широка мрежа од станици за точење водород.

Во текот на 2021 година, во Европа се отворени 37 нови станици за точење водород, Северна Америка добила 13 новоотворени станици, додека најмногу станици се отворени во Азија (89). Тоа значи дека со 142-те нови станици, во светот моментно постојат 685 места на коишто може да се наполни водород во возилата со водороден погон, исто како што се полни гориво во возила со дизел или бензински мотор. Вкупно 33 држави во светот располагаат со најмалку една станица за полнење водород.

Во план се уште 252 места за отворање станици за точење водород. Првите неколку станици од ваков вид наскоро ќе ги добијат Шпанија и Нов Зеланд, каде што веќе се предвидени места за изградба на истите. Лани биле отворени и првите станици за водород во Словенија и Унгарија.

Во Словенија кон крајот на минатата година беше отворена првата станица за точење водород · Линк до ојавата на Salonit Anhovo

Европа располага со 228 станици за водород, од коишто дури 101 се наоѓаат само во Германија. Франција заостанува далеку на второто место, со 41 станица, пред Велика Британија со 19, Швајцарија со 12 и Холандија со 11 станици.

Во Азија на крајот на 2021 година биле регистрирани вкупно 363 оперативни станици за водород, од коишто 159 станици се во Јапонија и 95 во Кореја. Статистиката ги покрива и 105-те станици во Кина, коишто се наменети исклучиво за точење водород во автобуси и камиони. Најголем број нови станици има во Кореја (36), земја што вложува многу во развојот на мрежата од станици за водород.

Од 86 станици што точат водород за возила во Северна Америка, најголемиот дел се наоѓаат само во сојузната американска држава Калифорнија (60). Лани во „златната држава“ се отворени 11 нови станици за водород.

>>> На Toyota Mirai ѝ се доволни 5,65 kg водород за 1.360 километри пат

Претходна објаваАвтомобилите се сменија, Peugeot Partner денес вози и на струја
Следна објаваСтара фабрика за хартија во Шведска ќе стане фабрика за батерии

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here