Новата гигафабрика за батерии во Шведска ќе започне со производство кон крајот на 2024 година и ќе користи исклучиво енергија од обновливи извори. Поранешната фабрика за хартија ќе работи со капацитет за 100 GWh катоден материјал, што понатаму ќе се користи за изработка на батериски ќелии во фабриките на Northvolt.
Northvolt склучи договор за купување на фабриката за хартија Кварнсведен и околното индустриско земјиште во Борлeнге, Шведска. Голем дел од постоечките постројки и инфрастуктурата на фабриката ќе се искористат во производството на активен материјал и батериски ќелии.
Фабриката се очекува да започне со работа кон крајот на 2024 година и ќе вработува околу 1000 лица. Со примена на енергија од обновливи извори, фабриката ќе биде во состојба годишно да произведува катоден материјал за повеќе од 100 GWh батерии, коишто ќе се изработуваат во останатите фабрики на Northvolt. Исто е планирано и производство на батериски ќелии.
Целта на Northvolt e да ги произведува најзелените литиум-јон батерии во светот и да обезбеди сигурна испорака на батерии, во насока на декарбонизацијата на општеството. На просторот на којшто индустриското производство опстојувало 120 години, набрзо ќе почне производство за налози за батерии во вредност од преку 50 милијарди долари од светски компании, меѓу кои BMW, Fluence, Scania, Volkswagen, Volvo Cars и Polestar. Моментно се создава мрежа од фабрики за батерии во партнерство меѓу Шведска, Норвешка, Полска, Германија и Португалија.
Fantastiska nyheter för Dalarna. När det anrika pappersbruket i Kvarnsveden lades ner förra året blev hundratals uppsagda. Nu tar Northvolt över – 1000 nya jobbhttps://t.co/hlSwdKax98
— Ola Spännar (@olaspannar) February 26, 2022
Меѓу 2.500-те вработени од 100 нации имаме и стручни лица од Македонија, како што во коментар посочи нашиот читател Бојан. Испраќаме најсрденични поздрави до нашите Македонци во Шкелевте и во цела Шведска.
>>> Шведски електричен глисер лета над вода

















