Peugeot 208 шампионски во Бразил, му припаѓа половина од сегментот

Добри изгледи дека и годинава ќе биде шампионска за Peugeot на пазарот во Бразил. Продажбата во јануари пораснала за 163% во споредба со почетокот на минатата година. Тоа се случува во време кога целиот пазар во земјата е 28,3 проценти во минус.

Најголем удел за Peugeot на бразилскиот пазар во последните 14 години. Француската марка покрива 3,5 проценти од автомобилскиот пазар во најголемата држава во Јужна и Латинска Америка, со повеќе од двесте милиони население. Peugeot 208 е главниот носител на продажбата на марката и води во својот сегмент.

Во првиот месец од 2022 година, Peugeot ја зголеми продажбата во услови кога целиот автомобилски пазар во Бразил е во голем пад и се пласираше меѓу 10-те најпродавани марки во земјата. Станува збор за 4.083 продадени примероци, што укажува на големината на пазарот. Уделот на Peugeot изнесува 3,5 проценти, тоа е најдобар резултат по 2008 година.

Јануарскиот пазар за Peugeot пораснал за 163% во споредба со истиот месец лани, додека целиот бразилски пазар бил 28,3 проценти во минус. Менаџментот цени дека одличните резултати за јануари укажуваат на уште една силна година за француската марка во Бразил, во комплицирана економска и политичка ситуација.

Peugeot 208 е вистински шампион во сегментот на комбилимузини од градската класа, каде што моделот покрива 45,4% од сегментот. Во јануари биле продадени 1.989 примероци од Peugeot 208, што е за 156% над резултатот од истиот месец лани.

Мариово првпат „виде“ електричен автомобил, кога лани со Peugeot e-208 комотно извозевме до Градешница – и исто така комотно се вративме, без грижа околу досегот на батеријата

Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

Претходна објаваСтара фабрика за хартија во Шведска ќе стане фабрика за батерии
Следна објаваТурски пајак подигнува автомобил за 60 секунди

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here