за

Турски пајак подигнува автомобил за 60 секунди

Mногумина возачи веруваат дека се побрзи од пајак-службата и не се премногу загрижени кога оставаат автомобил „на пет минути“. Но, овој пајак е шампион.

Нив ги има насекаде. Автомобили препречени на тротоар, оставени точно пред супермаркет, наместени пред крстосница така што се доведувате во опасност од незгода додека ги обиколите. Дрските возачи обично минуваат неказнети, затоа што од една страна е потребно време додека пристигне пајак-службата, а од друга страна трае цела вечност додека автомобилот се качи на камион. Турска компанија тврди дека за нивниот систем се доволни само 60 секунди.

Порано сé беше поедноставно, кога во градовите имаше повеќе луѓе отколку автомобили. Имаше и место, каде да се остави автомобил, а тој да не го попречи движењето на половина град. Луѓето се движеа и пеш. Колку ли само храброст и самодоверба беа потребни, за автомобилот да се остави малку подалеку и човек да се стави на ризик да биде виден без автомобилот.

Во меѓувреме, пајак-служба е профитабилна дејност, барем така верува пошироката јавност. Некој дефинитивно профитира. Секако дека и пајакот не може да биде семоќен. Не може да се подигнат толку автомобили, колку што возачите можат да остават автомобили на недозволено место. За таа релаксираност на возачите во голема мера придонесува и фактот што возилото на пајак службата не може да пристигне доволно брзо и не може да пристапи секаде. На тоа следи и проблемот што подигнувањето на возилото е долга процедура.

Турска компанија може да промени многу во поглед на дисциплината. Камионите на Miles Lift Makine располагаат со посебен систем, што можат да подигнат автомобил и да го одвезат за помалку од 60 секунди.

За разлика од вообичаениот начин, кога автомобилот практично се закачува на „кран“, Miles  Tow Truck MTT-4011 Eurolift работи како предимензиониран вилушкар. Концептот е едноставен, принципот е делотворен. Главната компонента на системот за товарење е санка што лизга попречно во однос на рамката на возилото. Овој механизам може да се постави на која било камионска шасија во категорија до 12 тони.

Уште повеќе одушевува ракувањето. Со механизмот се ракува директно од кабината на камионот. Вилушките за подигнување на возилото се позиционираат точно според меѓуоскиното растојание на истото, и се вовлекуваат под возилото. Возачот дури вооошто не мора да излегува од кабината. Тоа секако придонесува за возилото да биде однесено брзо. Сообраќајот може да почека една минута. За сопственикот, пак, и една минута ќе биде предолга.

Турците ја објавуваат и цената. Истанбулските специјалисти за лифтови наплаќаат 55.000 евра за механизмот. Од цел свет пристигаат нарачки за Miles Tow Trucks.

>>> https://milestowtrucks.com/

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot 208 шампионски во Бразил, му припаѓа половина од сегментот

Специјална Toyota Yaris во Шпанија доаѓа заедно со Playstation 5