за

Специјална Toyota Yaris во Шпанија доаѓа заедно со Playstation 5

Светскиот недостиг од полупроводници направи играчките конзоли, како Playstation, да станат недостапни и баснословно скапи. Toyota има решение.

Воопшто не било тешко да се дојде до примерок од играчката конзола Playstation 5. За тоа треба „само“ да се купи Toyota Yaris GR Sport, од специјалната серија со ознака GT7 Edition.

Огромниот раст во побарувачката за полупроводници во светски рамки влијаеше и врз производството на играчките коннзоли. Playstation 5 во последниве две години е реткост, а доколку се најде, тогаш треба да се плати скапо. Toyota и овојпат се најде од голема помош. Пред стартот на тркачката симулација Gran Turismo 7, јапонската марка понуди специјална серија од својот Yaris. На совозачкото седиште на популарниот градски модел, купувачите ги очекува играчка конзола Playstation 5. За целиот пакет да се заокружи, има уште еден контролер Sony DualSense Wireless Controller и примерок од играта што веќе седма генерација го вози светот. На тоа доаѓа уште 3 месеци гратис користење на PS Plus.

Како основа за моделот од специјалната серија служи Toyota Yaris GR Sport. Станува збор за спортска изведба на Yaris, со ниво на опрема што се води како GR Sport, значи не се работи за болидот GR Yaris со 261 КС и погон на сите тркала. Но, зарем и 115 КС од хибридниот погон на Toyota се малку? Тоа што го нуди Yaris GR Sport се спортски детали внатре и надвор, заедно со потстегнато подвозје и GR спортски седишта. Серијата е лакирана во ексклузивна динамик-сива боја.

Од обележјата на Yaris GR Sport, секако дека се највпечатливи тркалата од 18 инчи, задниот браник со стилизиран дифузор и бројните логоа GR, за Gazoo Racing, тркачкиот бренд на Toyota. Со доплата се добиваат седишта обложени во микрофибер. Кој повеќе сака бензинец без асистенција од електромотор, на располагање ја има верзијата со 1,5-литарски мотор со 125 КС.

Играчката конзола Gran Turismo 7 за PS7 ќе има премиера на 4-ти март. На истиот ден стартува и испораката на Yaris GR Sport Edition GT7

Од јапонската марка не ја објавуваат цената за возилата од специјалната серија на Yaris. Во секој случај, повисоката цена во споредба со стандардните модели ќе биде вредна за доплаќање, затоа што на совозачкото седиште чека ретка и скапа играчка конзола во овие денови.

Има и дополнителни услови што треба да се исполнат да се дојде до оваа посебна понуда. Прво, треба да се реагира брзо, затоа што серијата ќе се изработи во само 100 примероци, а второ, треба адреса на живеење во Шпанија, за да се дојде до примерок од Yaris GR Sport Edition GT7.

Оваа ексклузивна соработка секако дека не е случајност. Sony Entertainment e спонзор на една тркачка серија на Toyota, ова е практично противуслуга од јапонскиот производител на автомобили.

Со Toyota Yaris Hybrid во Велес, градот на поетите и гемиџиите

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Турски пајак подигнува автомобил за 60 секунди

Volkswagen Golf R 8 pred

Volkswagen донира милион евра помош за бегалците во Украина