Тоа ќе беше Opel Vivaro во 1930-те години

Експертите на историското одделение Opel Classic на едно наддавање откриле осум досега непознати фотографии од доставно возило од 1930-те години. Станува збор за Opel-Projekt 1.5-23 COE, проект за којшто малку се знаеше на сцената, а посебно е важен, затоа што е рана најава за големата пресвртница што ќе се случи во светот на доставните возила.

Кога се зборува за сензационални откритија, ова е вистинскиот пример. На едно наддавање, експертите на Opel Classic откриле осум непознати фотографии од доставно возило на Opel од 1930-те години. Марката со молњата во тоа време е пазарен лидер меѓу товарните возила со најразлични моделски изведби. Тие возила сепак имаат класична камионска конструкција, со долга хауба и со издвоена возачка кабина.

Фотографиите што светот ги немаше видено досега, сведочат дека Opel уште во тоа време имал развиено мал транспортер со „фронтленкер“ конструкција, односно со волан пред предната оска. Отгогаш требало да минат уште многу години, додека концептот со рамен нос се прифати масовно и продолжи да се применува како стандард кај доставните возила до денес, до Opel Vivaro и Movano.

Лајф Роведер, директор на Opel Classic, посебно е одушевен од откритието: „Тоа е како молња во автомобилската историја. Во архивот на Opel не постојат тие фотографии. Не постои ниту една објава, во којашто според сегашните сознанија се спомнува возилото. Одамна се заборавило дека тој единствен прототип постои“.

https://photos.app.goo.gl/RkvyejTfeinX78v28

Според германските стандарди за работите да се завршат како што треба, во Opel Classic веднаш се впуштија во новиот предизвик и според старите фотографии изработија малечок модел, во верни пропорции и во боите од тие времиња. Малечкиот транспортер ќе биде сведоштво за предокот на современите товарни возила.

Фотографиите сведочат за возило што е во возна состојба и за модел што е подготвен за сериско производство. Името на проектот е напишано со молив од задната страна на фотографиите, покрај печатот на тогашното одделение за фотографирање на Opel. Тоа е 1.5-23 COE. Ознаката укажува на работната зафатнина (1488 cm3) и на меѓуоскиното растојание (околу 2400 mm). Кратенката COE стои за „Cab Over Engine“, односно „кабина врз моторот“.

https://photos.app.goo.gl/HJpxCdshwwMcmL739

Овој концепт е непознат во 1930-те години. Со него се овозможуваат покомпактни димензии, при иста големина на товарниот простор. Тоа е добро за економичноста и за подвижноста. Моторот е вграден под или малку пред клупата.

Во периодот пред Втората светска војна, транспортери од овој вид се продаваат во мал број само во САД, Германија и Франција. Единствените германски модели со кабина над моторот од раните 1930-те години се Goliath и Magirus. Тоа сепак се едноставни возила, со коцкеста кабина, задвижувани од двотактни мотори со два цилиндри. Клиентите во тоа време се навикнати на возила со долга хауба, што и Opel како пазарен лидер ги има во својата понуда. Транспортерите со носивост од 0,3 до 3,0 тони се нудат како „Lieferungswagen“ (возила за достава), „Geschäftswagen“ (деловни возила) und „Blitz“ (молња).

Напреден дизајн: Аеродинамична линија и Art Déco за привлекување на потенцијалните клиенти

Прототипот изгледа мошне модерно, со аеродинамична каросерија и со големи мазни површини, Крилата се лакирани црно, по пример на останатите товарни модели на Opel. Посебно се впечатливи деталите во стилот на Art Déco во предниот дел. Со нив се нагласува хоризонталата и се постигнува симпатична појкава. Во тоа време е невообичаено, на товарно возило да му се даде симпатичен лик. Кон крајот на 1930-те години, стилот на Art Déco беше заштитен знак на целата понуда од патнички автомобили на Opel, од Kadett до Olympia, исто како кај Super 6, Kapitän и Admiral.

https://photos.app.goo.gl/diDYofGNbZGabQRi8

Современ мотор, докажана техника: Инженерите на Opel сработиле врвно

Во доставното возило се користат компоненти од останатите модели на Opel. Тоа важи за 1,5-литарскиот четирицилиндарец од Olympia или за оските од докажаниот еднотонски Blitz. Каросеријата, со исклучок на преградниот ѕид, товарниот под и дел од покривот, изработена е од челична ламарина. За возилото се знае малку, но сега се откриени податоци, што укажуваат дека постоеле планови иновативноито доставно возило да се понуди и во верзија со носивост од 1,5 тон, со 6-цилиндарец и со по две гуми на задната оска.

По откривањето на фотографиите од 1.5-23 COE, во архивот на Opel Classic e утврдена поврзаност со други цртежи, на коишто се прикажуваат минибус 15 седишта и верзија со отворена платформа.

https://photos.app.goo.gl/eo9xAxodXNUUSCD49

https://photos.app.goo.gl/6aAQPduEX7e4CYnR9

https://photos.app.goo.gl/5uw43cs2zaxt63BN7

https://photos.app.goo.gl/XuVLZesYbmPeChWg9

https://photos.app.goo.gl/dkxfNp1QnV5u2zsj7

https://photos.app.goo.gl/byiNDu41WWmzsX6U6

https://photos.app.goo.gl/K6GYYj8wtvrU69kp9

https://photos.app.goo.gl/7H3Q8aMwYDNPMUiX9

Градоначалникот на Риселсхајм вози електрична Opel Zafira-e Life

Претходна објаваСамо пет примероци ќе се изработат од Mercedes-AMG GT3 EDITION 55
Следна објаваToyota гради електрана од 1 мегават со погон на водород

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here