за

Само пет примероци ќе се изработат од Mercedes-AMG GT3 EDITION 55

По повод 55-годишнината, AMG го подготви овој ексклузивен тркачки автомобил, што ќе постои во само 5 примероци, изработени строго рачно во Афалтербах.

Mercedes-AMG е во славеничко расположение. По повод јубилејот, во седиштето на спортската марка во Афалтербах ќе се изработат пет примероци од ексклузивниот Mercedes-AMG GT3 EDITION 55. Скапи и престижни серии од ваков вид ќе бидат редовен дел од понудата, верно на новата посветеност со којашто се става уште поголем нагласок на лускузот и на ексклузивноста.

Колекционерската серија Mercedes-AMG GT3 EDITION 55 се одликува со технички посебности, но и со бројни детали во опремата. Покрај тоа што надворешноста јасно укажува дека се работи за Edition 55, има и зафати во погонската техника, односно во моќноста на моторот. Заедно со возилото доаѓа и EDITION 55 – 1 OF 5 Box, во којашто се наоѓа ексклузивен часовник од Шафхаузен со гравиран сериски број на возилото.

Мотоспортот е тоа што нé движи“, своевремено кажа основачот Ханс Вернер Ауфрехт, и тоа мото се почитува и по 55 години. AMG има постигнато многу во мотоспортот, почнувајќи од сензационалната победа во класа на Mercedes-Benz 300 SEL 6.8 AMG, на 24 Часа Спа во 1971 година, до историската двојна победа на Mercedes-AMG GT3 на годинешното издание на истата трка. Токму по тој повод сега се нуди строго лимитирана серија Edition 55, наменета за приватни тркачи во GT3-првенствата.

Ексклузивоста оди дотаму што посебно за петте примероци е стартувано ново „броење“, односно серискиот број на возилата ја содржи комбинацијата GT3.190-55. Бидејќи автомобилот не е хомологиран од ФИА, моќноста на 6,3-литарскиот V8 е зголемена на 650 КС, што е за околу 100 КС повеќе од ФИА-верзијата. Од спортскиот издувен систем од инконел, што е скапа челична легура со никел и хром со аустенитна струкура, отстранет е еден придушувачки лонец и тоа му дава посебен звучен печат на Edition 55.

New item by Automedia MK / Google Photos

Бојата на каросеријата укажува непогрешливо на моделот. Специјалната алпски-сива боја со црвени акценти се надополнува со мат финишот на додатоците за аеродинамичност, што се изработени од карбон со видлива структура – тоа се предниот и задниот дифузор, задниот спојлер, крилцата, маската, страничните прагови. На вратите е лакиран грбот на Афалтербах. Масивниот заден спојлер го красат славеничко лого и знакот на AMG.

Тркачкиот кокпит исто така прикажува ексклузивни детали. На седиштето е изработен јубилејниот знак, а во средишната конзола е поставена плочка со натпис EDITION 55 – 1 OF 5. Внатрешноста е изведена во мат антрацит металик боја, што одговара со деловите од карбон со видлива структура.

За цената: 625.000 евра, без ДДВ.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Многу ѕвезди има тука

AMG GT Track Series e најсилниот Mercedes за приватни тркачи

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Polestar О2 се подготува за знаменосец на електричната марка на Volvo

Тоа ќе беше Opel Vivaro во 1930-те години