AMG GT Track Series e најсилниот Mercedes за приватни тркачи

Во ограничена серија од 55 примероци, создаден во чест на прославата на 55-годишнината на одделението за мотоспорт на Mercedes-AMG и најсилен досега. AMG GT Track Series е машина со 734 КС и цена од 369.000 евра без данок.

Пред 55 години, Вернер Ауфрехт и Ерхард Мелхер се впуштија во предизвикот да направат подобро од најдоброто. Тоа се основачите на AMG, на коишто Mercedes-AMG им го посветува Mercedes-AMG GT Track Series. Автомобилот за приватни тркачки тимови ќе се вози на Trackdays и на Clubsport-настани. 

Болидот е изработен врз основа на Mercedes‑AMG GT Black Series и го почитува единственото правило: Да се постигне максимална моќност. Во поглед на возните својства, Track Series е споредлив со тркачките GT3- и GT4-модели.

Со „рамно“ коленасто вратило, моторот 4,0 V8 со битурбо натполнење од Black Series, во ексклузивниот модел постигнува 734 КС и 850 Nm, меѓу другото поради вградените специјални инјектори од мотоспортот и посебното мапирање. Секвенцијален тркачки менувач Hewland HLS со 6 степени и приспособлив диференцијал ја пренесува силата од моторот до задните тркала.

https://photos.app.goo.gl/n9VsQzNEVJRUJKas5

Во подвозјето на Mercedes‑AMG GT Track Series се вградени четирикратно подесливи амортизери Bilstein. Покрај тоа што може да се намести по една позиција за висока и за ниска брзина во работниот и повратниот óд, амортизерите овозможуваат и местење на растојанието од подлогата. Стабилизаторите исто така се местат по потреба.

Хаубата, крилата, праговите и задниот поклопец се изработени од карбон. Бројни каросериски додатоци ја оптимираат аеродинамичноста за услови на возење на тркачка патека. Во праговите се вградени канали за ладење на задните дискови. Масивниот спојлер назад се мести рачно и преземен е од GT Black Series, со неколку преправки.

https://photos.app.goo.gl/GK31UBS4mxeBPTX27

Посебно за Mercedes‑AMG GT Track Series се конструирани кованите тркала од 18 инчи, што е стандарден пречник во GT-класата во мотоспортот. Каеосеријата е лакирана во боја од понудата на MANUFAKTUR, во хајтек-сребрена магно боја, со црвени и антрацит детали. Грбот на AMG во горниот дел од предниот браник укажува на ексклузивниот модел.

Контролата на тракција и тркачкиот АВЅ се местат во 12 степени. Сопирачките дискови напред имаат димензија 390 mm, назад 355 mm. Внатре е вграден заштитен кафез од челик со висока цврстина, а во покривот е изведен отвор за извлекување при незгода. Безбедносни ремени со 6 точки се подразбираат.

За да се постигне тежина од 1.400 kg, отстранети се сите изолации, облоги, како и непотребни уреди, како електриката за прозорците. Воланот е дизајниран во соработка со експертите за Sim-Racing на Cube Controls, екслузивно за GT Track Series.

Технички податоци · Mercedes‑AMG GT Track Series:

https://photos.app.goo.gl/kkwakKumFGGEHHhv5

Мотор AMG 4,0 V8 битурбо
Работна зафатнина 3.982 cm3
Моќност 540 kW (734 КС)
Вртежен момент 850 Nm
Погон Трансаксијална конструкција: Мотор напред, менувач на задна оска, споени преку карбонски Torque Tube
Менувач Секвенцијален AMG 6-степен тркачки менувач со механичка (приспособлива) блокада на диференцијал и магнезиумско куќиште, пневматски контролирани рачки за менувач зад воланот
Каросерија Aluminium-Space-Frame;
Заштитен кафез од челик со висока цврстина
Безбедност Карбонска заштитна школка според FIA
Подвозје По две триаголни водилки од алуминиум напред и назад
Електроника AMG TRACTION CONTROL, тркачки ABS, Race-Start-Control
Управување Електромеханичко серво
Сопирачки Трчачки сопирачки; напред 6-клипни, назад 4-клипни сопирачки клешти; дискови напред 390 mm / назад355 mm
Тркала AMG тркала од лесен метал, напред: 12×18“, назад: 13×18“, ковани
Гуми напред: 325/660-18 / назад: 325/705-18
Тежина 1.400 kg
Резервоар 120 l (резервоар за мотоспорт)
Цена 369.000,00 евра (преземање во Афалтербах, без ДДВ)

https://youtu.be/wNv-AHk2jJc

 

Претходна објаваБугарските автомобили загадуваат најмногу, норвешките најмалку
Следна објаваHonda Civic 11-ти пат: Електромотори место спојлери

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here