Градоначалникот на Риселсхајм, Удо Бауш, користи ново службено возило, електрична Opel Zafira-e Life. Шефот на марката за Германија, Андреас Маркс, цени дека овој ван претставува „E-Lounge на тркала“. Предавањето на новото службено возило се одржа директно пред Адам Опел Хаус. Осум членови на градскиот совет можат да се возат без штетна емисија во Zafira на новото време.
Градоначалникот Бауш, по повод преземањето на новото службено возило, изјави: „Моето ново службено возило е придонес за заштитата на локалната климата и покажува дека градот напредува во насока на неопходната сообраќајна пресвртница“. Првиот човек на градот во којшто е историското седиште на марката Opel, додава и дека „новата Opel Zafira-e Life ја покажува и моќта за иновации, којашто произлегува од нашата економска и истражувачка локација.“
По 2028 година, Opel ќе нуди само чисто електрични автомобили во својата гама. Градот Риселсхајм постапува исто така во насока на електромобилноста и поставува широка мрежа од полначи за електрични автомобили. Секако дека се внимава и енергијата за полначите да потекнува од обновливи извори.
Opel Zafira-e Life располага со електромотор со моќност од 136 КС и вртежен момент од 260 њнтиметри. Со масивна батерија од 75 kWh, ванот може без потреба од дополнување да извози до 322 километри. Техниката дозволува користење најразлични видови на полнње, почнувајќи од обична приклучна кутија, до брз полнач со еднонасочна струја. Батеријата е вградена во подот на возилото меѓу оските, така што таа не одзема од товарниот простор, односно од патничката кабина.
Возачот и совозачот седат на познатите AGR-седишта на Opel, коишто носат печат од германското здружение на ортопеди. Задните седишта се во единечна изведба и имаат повеќе можности за нагодување. Двете странични врати се управувани сензорски и се движат со помош на електромотори. Во опремата на градоначалничкиот електромобил спаѓаат предна камера и радар за растојание, приспособлив темпомат, систем за следење лента и панорамска камера во 180 степени.
Еуроимпекс им направи добро утро на електричните автомобили на Peugeot и Opel