за

Ова ќе биде големо: Електрична Kia EV9 најавена за в година

Извесно беше дека од спектакуларниот EV9 Concept ќе произлезе модел без Concept во ознаката. Престижниот и масивен СУВ на Kia доаѓа в година. Електричен, секако.

Следниот комплетно нов електричен модел на Kia е во завршно тестирање и се подготвува да се појави во салонско издание пред светот во првото тромесечје од 2023 година.

Kia го потврдува скорешното пристигање на големиот СУВ-модел EV9, во негова улога како знаменосец на марката и како следно докажување на способноста на марката да постигнува впечатлив напредок во електромобилноста. Завршните пробни возења и „потстегнувањата“ на завртките се во тек. Kia најавува дека моделот ќе воведе пресвртница во сегментот на големите СУВ-автомобили со електричен погон. Големиот автомобил воедно ќе даде нов залет на трансформацијата на марката во понудувач на комплетни услуги на мобилност, покрај производство на автомобили.

Развојот траеше 44 месеци, со предизвик за инженерите да постават нови мерила во дизајнот, перформансите, досегот, возните својства, технологијата и комфорот. Моментно секој дел од пробните прототипи се изложува на серија екстремни оптоварувања, заради проверка на издржливоста и конструкцијата. Развојот се одвива под надлежност на глобалниот центар за истражување и развој на Kia во Намјанг.

EV9 во завршната фаза од тестирањето се проверува на искажување по планина со ангажирање на погонот на сите тркала, а секако дека тоа подразбира и возење по тежок терен. На дневниот ред на возачите и инженерите се наоѓа и минување низ река, за да не се остави ниту малку простор, EV9 да не биде дораснат на условите на теренот.

New item by Automedia MK / Google Photos

Се вози и на патеките на Kia за високи брзини, за управливост, на подлоги со слабо триење и лизгави подлоги, заради потврдување на перформансите и возните својства. Во исто време, тестирањето опфаќа и возење по прочуените белгиски калдрми, за да се обезбеди Kia EV9 и во тие услови да понуди врвен комфор. Секако дека се проверува и дали сé останува на место по возењето. Електричниот СУВ, што со цената веројатно ќе достигне шестцифрена сума во најпретставителната изведба, се тестира на уште бројни други места ширум светот.

New item by Automedia MK / Google Photos

Намерата на Kia да понуди електирчен СУВ-знаменосец беше соопштена лани на салонот во Лос Анџелес. Како најверна претставничка на „спротивностите се привлекуваат“, како што гласи новото мото на Kia, EV9 ќе понуди максимум од тоа што се очекува од еден СУВ. Платформата E-GMP се покажа одлично во кросоверот EV9, чијашто продажба годинава веќе надмина 20.000 примероци, само во Европа.

New item by Automedia MK / Google Photos

Премиерата е во првото тромесечје од 2023 година. Kia порачува дека EV9 на сцената ќе предизвика исто толку одушевување, како што тоа му успеа на EV6, меѓу другото носителка и на насловот на европски автомобил на 2022 година.

Електрична Kia влечеше камп-приколка низ четири држави

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota гради електрана од 1 мегават со погон на водород

Alfa Romeo Tonale може да биде и Dodge Hornet