Спортските модели на Opel повторно ќе бидат GSe, но на струја

Ознака од три букви секогаш стои за нешто посебно на автомобилската сцена, тоа е речиси стандард за спортските и престижни модели. Кај Opel, трите букви што многу значат се GSe, од коишто подоцна произлезе и GSi, култна верзија на Kadett Е. Риселсхајм повторно ќе има GSe, со една суштинска промена.

На познавачите на Opel им е кристално јасно што значи GSe. Тоа се спортски и врвно опремени модели со молња во маската. Оваа ознака најдостоинствено ја носеа крстосувачите Opel Commodore GS/E и Opel Monza GSE. Кратенката стои за „Grand Sport Einspritzung“, за да се нагласи користењето систем за впрскување на горивото, што за ралзика од карбураторот обезбедуваше повисоки перформанси, подиректна реакција, порамномерно ослобоидување на моќноста пониска потрошувачка, почист издув. Голема разлика.

Новиот GSe е различен GSe. Ова име ќе го користат моделите што ќе припаѓаат во новата подмарка на Opel и ќе означува Grand Sport electric. Од германската марка објаснуваат дека „GSe соединува исклучителна возна динамика со иновативна електрификација. Моделите на Opel GSe во иднина ќе ги крунисуваат моделските серии на марката од Риселсхајм.

Особено ме радува тоа што денес можам да го најавам враќањето на познатата кратенка GSe – како спортска подмарка, што ќе ги означува нашите врвни модели. Исто како што е случај со нашиот храбар и чист дизајн, тука повторно посегнуваме по нашето богато наследство и му внесуваме современа нишка. GSe во иднина нема да стои само за посебно динамични возила со големо уживање во возењето. Таа сега повеќе стои за ‚Grand Sport electric‘ – целосно во знакот на нашата возвишена стратегија, да прераснеме во целосно електрична марка“, изјави шефот на Opel, Флориан Хутл.

Наградуваниот дизајн на Opel дава спортски изгледпокрај тоа, идните клиенти на GSe ќе можатг да се радуваат и на подвозјето, коешто е дотерано динамично и во исто време посредува големо уживање во возењето. Дека нешто убаво се случува со подвозјето на моделите на Opel се покажа и при нашиот тест на Astra, при што го издвоивме подвозјето како мошне погодено. Претходно, тоа беше случај со Corsa GS.

https://photos.app.goo.gl/t9sREBHr6btU3TTm7

Иако се дотерани нагласено спортски, идните GSe модели секако дека ќе нудат и комфор за патување по автопат и долги крстосувања. Главното што ќе ги одликува моделите од новата подмарка е можноста во град или на куси релации да се користи само погон на струја. Тоа воедно укажува и на погонот на првите модели под оваа ознака – GSe ќе бидат изведени со приклучен хибриден погон.

Opel Manta GSe Concept

https://photos.app.goo.gl/goRcMeAhCDPSBRXt9

Веста за пуштањето на подмарката GSe навестува дека за мошне кусо време сцената ќе ја види новата Astra GSe, за којашто во Аутомедиа повеќепати шпекулираме дека ќе користи втор електромотор за задната оска и моќност од преку 250 КС. Моделот воедно го најави и менаџментот на Opel, меѓутоа не наведувајќи податоци за перформансите и моќноста. Голема е можноста веќе во следниот месец да се случи премиерата, на големиот салон на автомобили во Париз.

https://photos.app.goo.gl/5kcYFPZhAB3Pi5vV8

https://photos.app.goo.gl/axjpzje9jTpmuA467

Тест · Opel Astra Ultimate 1.5 Diesel: Родена под среќна ѕвезда

Претходна објаваОсновачот на Nikola ги лажел инвеститорите, заработил милијарда
Следна објаваКако Toyota го зголеми пазарниот удел во Европа во најголемата криза

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here