за

Основачот на Nikola ги лажел инвеститорите, заработил милијарда

Тревор Милтон постојано ги лажел инвеститорите и им создавал претстава дека од него основаната компанија за електрични камиони, Nikola, вреди многу повеќе од вистинската вредност.

Водородниот камион Nikola е само лага за собирање пари

Во Федералниот суд во Менхетен започна судската постапка против основачот на компанијата за електрични камиони Nikola. Помошникот на американскиот јавен обвинител Николас Рос им се обрати на поротниците „Ова е Тревор Милтон. Тој постојано ги лажел инвеститорите за својата компанија и на тој начин заработил милијарда долари“.

Основачот на компанијата Nikola, што требаше да произведува електрични камиони, ја извртувал вистинската слика околу најважните подрачја на неговиот бизнис. Милтон постапувал така со цел „да ги намами инвеститорите да купат повеќе акции во неговата компанија“, објасни заменикот на американскиот јавен обвинител Рос.

На свеченост во 2016 година, Милтон пред јавноста го претстави камионот за којшто светот требаше да поверува дека користи водороден погон, што е варијанта на електричен погон. Проблемот е во тоа што на камионот му недостигале бројни клучни компоненти и воопшто не бил во возна состојба. Отстрана на камионот биле ставени знаци што укажувале дека станува збор за камион со погон на водород, иако во камионот воопшто немало модули на горивни ќелии, што се суштинска компонента на водородниот погон. Уште во јуни 2020 година беше објавено од страна на Блумберг, дека камионот е нефункционален.

Милтон се соочува со обвинение за измама со хартии од вредност и за измами во низа, за што може да му биде изречена затворска казна до 25 години. Тоа е во случај Милтон да биде обвинет за најтешка измама

Бранителот Марк Макејси на дисплеите во судницата го прикажа толкувањето на зборот „дисторзија“ во речникот. Тој на поротниците им кажа дека обвинувањата не ја прикажуваат вистината и дека сите изјави на Милтон за компанијата биле кажани точно и верно. Одбраната се темели врз фактот дека тие изјави не биле повод за инвеститорите да одлучат за купување акции во компанијата.

Макејси им се обрати на поротниците со „Ова е обвинение со дисторзија. Дисторзија на зборовите на Тревор Милтон, дисторзија на намерите на Тревор Милтон. Државата тврди дека Тревор погрешно ги прикажувал фактите, кога зборувал за Nikola. Тоа е дисторзија. Вистината е дека сите факти му биле целосно и точно прикажани на секој што сакал да инвестира во Nikola.”

Адвокатот понатаму наведува дека инвеститорите имале пристап до важни и точни информации преку вебсајтот на компанијата и останати документи што се достапни за јавноста. „Тој беше дел од планот за маркетинг на компанијата, за светот да дознае за најнапредните и кул дизајни што тој ги нуди, одушевен од доа што го прави.“

Nikola била нападната од берзански шпекуланти

Берзанските шпекуланти имале намера да ја намалат вредноста на акциите на Nikola. „Тие се обиделе да ги урнат акциите преку објавување извештај, но излезе дека тоа е само објава којашто имаше цел да ја урне вредноста на акциите на Nikola, за берзанските шпекуланти да заработат од тоа.“

Водородниот камион Nikola е само лага за собирање пари?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Stellantis ќе си ги врати акциите од GM вредни милијарда долари

Спортските модели на Opel повторно ќе бидат GSe, но на струја