За паметни градови: Товарен велосипед место комбе од пет тони

Универзитетот во Улм, Германија, во рамките на проектот ZEC-Bike разви електричен товарен велосипед, што располага со систем за брзо полнење.

Универзитетот Улм го претстави првиот товарен велосипед со електричен погон во светот, што располага со брзо полнење и со рекуперација, односно со повраток на енергијата при сопирање и забавување. Велосипедот долг 3 метри и тежок 170 килограми е резултат од четиригодишен развој. Интерес за проектот покажа и Министерството за стопанство, работа и туризам на покраината Баден-Виртемберг, којашто истиот го поддржа со еден милион евра.

Доктор Михаел Бухолц, раководител за групно истражување на Институтот за мерна, регулациска и микротехника на Универзитетот Улм, објаснува околу можностите за примена на товарниот велосипед: „Достава на пратки без штетна емисија по тесните улички во старите градови, еколошко одвезување на отпадниот материјал при одржувањето на зеленилото во градските паркови или достава на ладни прехранбени производи до пазарите – сето тоа ќе биде можно наскоро со новиот електричен товарен велосипед“. Проектот се водеше под името ZEC-Bike, односно „Zero-Emission Cargo Bike for Smart Cities“.

Товарниот велосипед на струја постигнува брзина до 45 km/h и може да носи товар до 100 килограми, на едноставен, практичен и безбеден начин. Велсипедот е изведен во т.н. Лонг-тејл-формат, односно товарот се поставува на платформата меѓу возачот и задното тркало. Ниското тежиште гарантира стабилност и при високи брзини, го олеснува возењето и се грижи за безбедност.

https://photos.app.goo.gl/rx9yQPS6Gu8ZrpdcA

Германскиот товарен велосипед е посебен по тоа што располага со систем за брзо полнење и со батерија што подржува рекуперација. Станува збор за сложен батериски систем, со активен систем за ладење и греење. На обичен приклучок за струја, батеријата се полни до 80% за само половина час. Брзото полнење е важно кога се врши достава.

Друга посебност е сопствениот брз полнач, што на пример овозможува елеткрични алати да се полнат во текот на возењето, за потоа да бидат подготвени за работа, кога ќе се пристигне на одредиштето. Истото важи и за агрегати за ладење, за храната што се превезува да се одржува изладена.

https://photos.app.goo.gl/ghPRy3Mc1CxSxeFB8

Двете тркала се погонски, што е добро за стабилноста, но и за полнењето. Во предното тркало, на коешто отпаѓа најголемиот дел од енергијата при сопирање, исто така е вграден електромотор. Овој електромотор, по пат на рекуперација, односно при работа како генератор, ја искористува енергијата при сопирање, што потоа се складира во батеријата. Погонот на две тркала овозможува погонскиот и сопирачкиот момент да се распредели соодветно, за да се подобри стабилноста. Товарната површина е приспособена за евро-гајби (60 х 40 cm).

Научниците имаат изведено и посебна сензорска техника, што препознава кога при возењето се доаѓа до критична ситуација и тоа му се пренесува на возачот, преку реакциите во воланот. Техниката што е развиена за ZEC-Bike може да ја користат заинтересирани компании, што истата би ја искористиле за конструирање возило точно за сопствените потреби.

Товарен е-велосипед носи 180 kg и хит е во Германија

Претходна објаваFiat 500 и во јули е најпродаван електричен автомобил во Германија
Следна објаваТуристички водич е нова ставка во опремата на Mercedes-Benz

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here