за

Туристички водич е нова ставка во опремата на Mercedes-Benz

Прочуениот систем MBUX на Mercedes-Benz се усовршува постојано. Летово е достапна нова функција што е наречена туристички водич и го прави точно тоа.

Дигитализацијата не се само големи дисплеи, туку вистинскиот предизвик е во тоа на дигиталниот свет да му се додаде нова суштина. Mercedes-Benz преку понудените дигитални услуги прави автомобилскиот живот на клиентите да им биде позабавен и поинтересен. Точно во времето на летните одмори, пуштена е новата услуга на Mercedes me, којашто се води како „Tourguide“ и дел е од „MBUX Voice Assistant“.

Со вклучувањето на услугата на „туристички водич“, во најновите генераци модели на Mercedes-Benz се слушаат информации за знаменитостите долж патот по којшто се вози во моментот. Функцијата засега е достапна само на германските автопатишта. Намерата е патувањето на летен одмор на тој начин да стане позабавно и времето да минува побрзо.

Во возилата од моделските серии EQS, EQE, C Class, S Class, AMG SL (1), новиот GLC, но и новиот EQS SUV (1), коишто се произведени по 1-ви јуни 2022 година, во состав на „MBUX Voice Assistant“ што е дел од Mercedes me, се добива звучен туристички водич „Tourguide“. Тоа е дополнување на досегашните функции на Travel Knowledge, со интересна и забавна содржина. Водичот се вклучува преку говорната заповед „Hey Mercedes, start Tourguide“.

Потоа, инфозабавниот систем MBUX чита богати содржини за знаменитостите долж патот. Водичот засега е достапен само за Германија, но се најавува дека во блиска иднина ќе се овозможи водичот да функционира и во други земји. Системот реагира на близу 3.400-те кафени табли за туристички знаменитости што се поставени долж германските аутобани.

Откако ќе се активира „Tourguide“, при минување покрај одредено место MBUX автоматски ги чита најважните детали за знаменитоста. Содржините на автоматските претставувања се изработени посебно за Mercedes Benz Group AG.

Автоматското читање се вклучува откако ќе се појави првата табла покрај патот. Доколку паузата во возењето е подолга од 90 минути, услугата се исклучува автоматски. Како надополнување на функционалноста, доколку информациите што се дознаваат за местото покрај коешто се минува ги заинтересираат патниците, може во навигацијата да се даде едноставна команда и возилото да се насочи кон местото, без потреба да се кажува улица или име на местото.

(1) Дизајнирано од Славче Таневски, македонски дизајнер во Mercedes-Benz Cars

Mercedes-AMG SL во салонот на Мак Аутостар е речиси национален празник

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

За паметни градови: Товарен велосипед место комбе од пет тони

Германска компанија од енергетика нарача 5.000 камиони со погон на водород