за

Германска компанија од енергетика нарача 5.000 камиони со погон на водород

Специјалистот за префрлување камиони на водороден погон Clean Logistics, во следните пет години ќе ѝ испорача 5.000 возила на германската компанија за енергетика GP Joule.

Големата енергетска пресвртница веќе се случува. На масовното преоѓање на електрични автомобили и производството на енергија од обновливи извори, сега им се придружува единствен пример од тешкиот транспорт. GP Joule нарача 5.000 тешки камиони со погон на водород од Clean Logistics, специјалист за префрлување камиони на погон со водород.

Тоа е најголемиот договор за испорака на тешки камиони со погон на водород во светски рамки. Вкупната вредност на зделката меѓу компанијата за енергетика GP Joule и производителот на камиони со погон на водород Clean Logistics се движи под 5 милијарди евра. Освен камиони со водороден погон, GP Joule на своите клиенти ќе им обезбеди и инфраструктура од станици за полнење и складирање на водород, што е произведен неутрално во поглед на емисијата на СО2. Корисници на камионите ќе бидат партнерските компании на GP Joule од подрачјето на логистиката и трговијата.

Посебното значење на овој историски потфат е во тоа што се заокружува една целина, односно се нудат и камиони со погон на водород, се нудат и станици за точење водород, а во исто време и водород што е произведен неутрално за климата. Несомнено е дека големината на овој проект меѓу GP Joule и Clean Logistics ќе придонесе да се забрза преоѓањето на погон со енергија од обновливи извори.

Clean Logistics нарачува камиони од производителите во изведба без мотор и погонска спрега. Германската компанија потоа вградува сопствена погонска техника за водород, којашто се состои од модул од горивни ќелии, батерија и резервоари за водород. Компанијата со седиште во Хамбург, вградува и електрична оска од сопствен развој, како и специјален систем за контрола HyBoss.

Еден 40-тонски камион на 100.000 километри годишно, со просечно 25 литри дизел на сто километри, испушта 65 тони СО2 во атмосферата

Возниот парк од 5.000 тешки камиони со водороден погон ќе ја поштеди атмосферата од преку 325.000 тони СО2 на годишно ниво.

Кога не дува ветар и не свети сонце, единствено зелениот водород ќе се грижи за потребните количини обновлива енергија, а со тоа и за сувереноста и независноста

Ове Петерсен, соосновач и извршен директор на GP Joule

GP Joule во соработка со општините и компаниите развива, гради и управува со станици за точење водород за камиони, автобуси и доставни возила. eFarm е најголем проект за водородна мобилност во Германија, во чијшто рамки се произведува зелен водород со струја од регионални ветерни паркови и истиот се точи на две станици во Северна Фризија. Има и два автобуси за јавен градски превоз, како и 35 автомобили со водороден погон, коишто се нудат на лизинг на компании.

Shell гради најголема фабрика за водород во Европа

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Туристички водич е нова ставка во опремата на Mercedes-Benz

Mercedes-EQ стартува со продажба на електричниот EQS SUV