за

Fiat 500 и во јули е најпродаван електричен автомобил во Германија

Вредните статистичари прават за германскиот автомобилски пазар да се известува повеќе отколку за кој било друг пазар. Влијае и тоа што станува збор за најголемиот пазар во Европа.

Fiat 500e веќе еднаш успеа да биде сензација на германскиот автомобилски пазар, па и многу пошироко, откако го заврши првото полугодие како најпродаван електричен автомобил во земјата. Успехот продолжува, па и во јули, електричниот Fiat 500e води.

Продолжува походот на италијанскиот ретро болид на струја на германскиот пазар. Fiat 500e во минатиот месец се продаде во земјата во поголем број од кој било друг модел што се движи чисто на струја.

Освен во вообичаената изведба со три врати и во уживателската изведба без покрив, Fiat 500e достапен е во оригиналната изведба со 3+1 врати. Од страната на совозачот е дополнително изведена мала задна врата, а по отворањето на двете врати се добива чист простор за пристап, без столб насреде.

Верзијата со поголема батерија и соодветно подолг досег располага со 42 kWh и автономија до 320 километри. Во салонот на Аутомобиле СК во Скопје, веќе се изложени две изведби на Fiat 500e, вклучувајќи ја и 3+1 верзијата. Двата модели се во топ-ниво на опрема и со најголемата батерија и досег.

Fiat 500e во јули постигнал 2.170 продажби во Германија и учествува со 7,5 проценти во сегментот на електрични возила. Меѓу моделите со приклучен хибриден погон е најпродаван Seat Leon со 1.175 возила (5,0%), додека најпродаван самополнечки хибрид е Toyota Yaris со 2.152 возила и удел од 38,2% во продажбата на сите возила со овој вид погон. Toyota продала и 33 примероци од водородниот Mirai, само во минатиот месец.

Во јули, во Германија се продадени 28.815 чисто електрични возила (+13,2% во споредба со јули ’21), потоа 23.712 возила со приклучен хибриден погон (-21,4%) и 5.628 возила со самополнечки хибриден погон (-0,3%). Вкупно 43,9 проценти од возилата продадени во минатиот месец во Германија користат чисто електричен или приклучен хибриден погон, самополнечки хибриден погон, водороден погон или погон на автогас.

Денес е на струја: Погоните се менуваат, Fiat 500 останува

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Спортската Opel Astra OPC ќе биде чисто електричен модел

За паметни градови: Товарен велосипед место комбе од пет тони