за

Спортската Opel Astra OPC ќе биде чисто електричен модел

Opel веќе ја нуди новата Astra во изведба со приклучен хибриден погон, в година доаѓа и 100% електрична изведба. Главниот дизајнер на Opel спомна дека електричната Astra може да биде основа за новото издание на спортската верзија Astra OPC.

Германскиот магазин auto motor und sport очекува новата Opel Astra наскоро да се појави во спортска изведба, којашто веројатно ќе ја носи познатата ознака OPC. Посебноста е во тоа што идната Astra OPC ќе биде чисто електричен модел. Така налагаат строгите закони за СО2-лимитите на ЕУ.

Производителите на автомобили примерно ги следат ограничувањата за емисијата на СО2 од автомобилите, затоа што во спротивно ќе се соочат со казни што ќе достигнат и неколку милијарди евра, при надминување на лимитот. Opel во последните години презеде крупни чекори, за емисијата на СО2 од целиот свој возен парк да ја спушти под СО2-лимитот. Шестцилиндарци веќе одамна се минато, се вози со три или четири цилиндри.

Влијателниот германски магазин auto motor und sport, што патем постои веќе 75 години на светската сцена, чека Opel повторно да понуди OPC-модел. Последниот таков модел под кратенката на Opel Performance Center се продаваше до април 2018 година. Во строгите законски рамки на ЕУ, за намалување на емисијата на СО2, одвај дека останува простор за некој производител на автомобили да понуди вистински спортски модел со врвни перформанси.

Според ams, доколку сé врви по план, паузата на моделите OPC би можела да заврши со тековната генерација на Opel Astra, односно со Astra L. Место врз старата платформа од американскиот General Motors, новиот модел се базира врз третата верзија од платформата EMP2 на Stellantis. Во интервју за магазинот, поранешниот шеф на Opel, Михаел Лошелер, своевремено има изјавено: „Astra се базира врз одличната мулти-енергетска платформа. Развојот и дизајнот потекнуваат од Риселсхајм. Новата Astra ќе се базира врз поголемата платформа EMP2, што значи дека моделот ќе се нуди и како приклучен хибрид.“

Кадри од неодамнешниот тест на Opel Astra

Тоа што Лошелер уште не го знаеше во тоа време: Opel ќе направи уште еден чекор понапред и ќе понуди целосно електрична моделска изведба. Astra-e доаѓа во почетокот на следната година, во двете каросериски изведби, односно ќе се нуди и како комби Sports Tourer.

Магазинот претпоставува: Доколку Opel навистина понуди нова Astra OPC, дали таа ќе биде чисто електрична или ќе вози со приклучен хибриден погон? Во прилог на втората можност оди примерот со Opel Grandland, којшто исто така ја користи платформата EMP2-V3 и достапен е во две верзии со приклучен хибриден погон со различна моќност. Во првата изведба со преден погон, системската моќност изнесува 224 КС. Од 1,6-литарскиот бензинец доаѓаат најмногу 180 КС, додека максимумот на електромоторот е 109 КС. Крајната моќност не е 180 + 109 КС, затоа што не се случува електромоторот и моторот во исто време да работат со максимална моќност.

Посилната изведба со ознака Grandland Hybrid 4 располага со 300 КС, но затоа има и втор електромотор што работи на задната оска. Неговата максимална моќност исто така изнесува 109 КС. Не треба многу фантазија, да се замисли идна изведба на Opel Astra OPC со приклучен хибриден погон со 250 КС. Може да влезе во игра и посилната верзија со 300 КС.

Во концернот Stellantis не им се туѓи вистинските спортски модели и пример за тоа е Peugeot 508 PSE, најсилен сериски модел во историјата на марката. Неговата системска моќност изнесува 360 КС, а платформата е истата со Astra и 308, значи EMP2.

Но, може да се претпостави и дека Opel ќе појде по сопствен пат и најспортската изведба од новата Astra ќе ја понуди во чисто електрична изведба. Во прилог на тоа оди и одговорот што дизајнерот Марк Адамс го даде на прашањето за електричен спортски модел врз база на Astra: „Да, работиме на нешта, кои не се многу далечни и нешта со коишто се движиме во таа насока“. Тоа го изјави главниот дизајнер на Opel за Topgear.com. Деталите уште отсуствуваат, но тоа е потврда дека спортска Astra наскоро ќе биде реалност. Единствено е прашање дали тоа ќе биде Astra со приклучен хибриден погон или со чисто електричен погон. Без разлика, важно е Astra повторно да ја добие ветувачката ознака OPC.

Peugeot 3008 Hybrid4 е лав со одмерен залак

Тест · Opel Astra Ultimate 1.5 Diesel: Родена под среќна ѕвезда

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki: Возењето кабриолет по терен има 40 години традиција

Fiat 500 и во јули е најпродаван електричен автомобил во Германија