за

Suzuki: Возењето кабриолет по терен има 40 години традиција

На друго место ќе се креваше силна врева за тоа што се нуди теренски автомобил во кабриолет изведба. Во Suzuki тоа е сосем нормално и има долга традиција. Обожувателите уште чекаат отворена каросериска изведба од Jimny.

Летото асоцира на Suzuki, поточно на некој од теренците на јапонската марка што во маската ја има истата буква како Супермен на костумот. Тоа е единствен вид на слобода, што низ историјата го нуделе различни модели на Suzuki во повеќе генерации. Слободата е во тоа што се нуди способна техника и возило на коешто неколку ситни гребаници во пластиката нема да му го уништат имиџот.

Suzuki Samurai, тој навистина е самурајот во автомобилската бранша. И по долги години, откако престана да се произведува моделот што фабриката го води под ознаката SJ413, спомнувањето самурај во автомобилска смисла, непогрешливо се поврзува со Suzuki.

Речиси нема двоумење, дека за култот што се создаде околу тој теренски автомобил, во голема мера придонесе и фактот што Suzuki го нудеше во отворена каросериска изведба, значи кабриолет. Луѓе повеќе се изненадуваа кога ќе слушнеа дека постои и затворена каросериска изведба. Без разлика дали станува збор за SJ 410/413, X-90, Vitara или Jimny, голем број сопственици уште уживаат во секојдневното возење. Не бидете изненадени, кога ќе забележите колку овие автомобили се популарни меѓу мештаните покрај нашите езера.

Теренските автомобили се „родени“ како кабриолети: Jeep, Land Rover… Samurai

New item by Automedia MK / Google Photos

Тоа е долга традиција, и во овие летни денови ќе направиме само едно кусо присетување низ факти, на неколку генерации теренски модели на Suzuki што се произведувале во кабриолет изведба. Пред Samurai, посебното уживање во возење го нудеше LJ 80 (на сликата горе)

SUZUKI SJ 410 / SJ413 / Samurai

Suzuki SJ 413 samurai

Почеток на продажба: 1981 во Јапонија

Во Шпанија во 1985 година почна производство во Santana Motor, Шпанија, за моделот да се продава во Европа како автомобил од домашно производство и со тоа да се надминат ограничувањата за увоз на јапонски автомобили.

Јапонската верзија на моменти достигна удел од 70% во вкупниот извоз од домашните фабрики на Suzuki

Верзијата SJ410 располагаше со мотор од 970 сантиметри кубни со 45 КС, додека верзијата SJ413 користеше 1,3-литарец со 66 КС

Вкупната продукција на Samurai ширум светот достигна 1,7 милион примероци

SUZUKI JIMNY CABRIOLET

Почеток на продажба: 1998

Кабриолет изведбата беше резервирана само за Европа и се произведуваше во Шпанија

Мотор: 1,3-литарски 4-цилиндарец со 83 КС

Вкупно се продадоа околу 1 милион примероци

SUZUKI VITARA CABRIOLET

Претставена во 1988

Мотор: 1,6-литарски 4-цилиндарец со 95 КС

Тоа беше прв 16-вентилски мотор на Suzuki

Возилата за Европа се произведуваа во Шпанија, но моделот се произведуваше и во Канада и Јапонија

SUZUKI X-90

Почеток на продажба: 1996

Оригинална триделна каросериска форма, отстранлив цврст покрив (тарга)

Техничката основа ја даде Vitara

1,6-литарски 4-цилиндарец со 95 КС

Тест: Suzuki Vitara 1.0 Turbo GL Plus

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дилерите во Италија имаат 4.500 нарачки за Alfa Romeo Tonale

Спортската Opel Astra OPC ќе биде чисто електричен модел