
За моделот што летово повторно донесе голема раздвиженост во салонот на Alfa Romeo во Скопје, доаѓаат одлични вести и од домашниот пазар. Tonale, компактен СУВ-модел во класа со Peugeot 3008 и Kia Sportage, во јули им донел над 4.500 нарачки во салоните на марката во Италија.
Alfa Romeo во јули постигна пазарен удел од 1,3 процент на италијанскиот пазар. За премиум марката, тоа е удел каков што долги години не е постигнат. Месечната динамика од 4.500 примероци, којашто беше регистрирана во јули, сосем е извесно дека ќе продолжи да расте. Во гамата на Alfa Romeo Tonale, покрај изведбите со благ хибриден погон со 130 и 160 КС, од неодамна се придружи и дизелот со 130 КС.
Освен меѓу приватните купувачи, Alfa Romeo Tonale привлекува клиенти и на пазарот на службени возила, вклучувајќи ги компаниите за изнајмување возила. Заштедата во потрошувачката на гориво, којашто ја ветува благиот хибриден погон, вклучувајќи го фактот што овој вид погон не ја оптоварува премногу цената на возилото, очигледно дека е фактор и кај марките како Alfa Romeo, каде што обично емоциите решаваат. Комбинацијата од алфа-страст и ниски работни трошоци, ја нуди и дизелот со 130 КС, којшто од неодамна е вклучен во ценовниkот за Alfa Romeo Tonale.
Голем нагласок е ставен врз квалитетот на изработката на Alfa Rоmeo Tonale, но квалитетот зафаќа и во услугата, преку којашто клиентите вистински го доживуваат премиум карактерот на марката. Истото важи и за сервисирањето. Во италијанската евиденција, 75% од клиентите на Alfa Romeo, претходно возеле автомобил од друга марка.
Esclusivo, moderno, iconico: il design a "Cannocchiale" della nuova Tonale Hybrid assicura un'esperienza di guida emozionante. Scopri di più sui tre stili di layout: https://t.co/EByxYUCL94 #AlfaRomeoTonale #AlfaRomeo #JoinTheTribe pic.twitter.com/mwJKvX2Ed0
— Alfa Romeo Italia (@AlfaRomeoIT) August 4, 2022
Рафаеле Русо, директор за Alfa Romeo за Италија: „Овие комерцијални успеси се потврда дека метаморфозата на Alfa Romeo е на вистинскиот пат. Профитабилноста на Alfa Romeo е зголемена двојно во спопредба со првата половина од минатата година, а постојано расте и задоволството на клиентите. Тоа е резултат од одлична тимска работа, во секое ниво, за да се излезе во пресрет на потребите и очекувањата на нашето ‘племе‘. Денес племето на ентузијасти на Alfa Romeo расте постојано, а возењето Alfa станува сé поблагодарно”.















