Концернот Stellantis со своите шестнаесет марки вложува 99 милиони долари за производство во Северна Америка на 1,6-литарскиот турбо-бензинец, познат од моделите на Peugeot и Citroen, и развиен заедно со BMW.
Три фабрики на Stellantis во САД и во Канада ќе добијат инвестиција вредна 99 милиони долари, за вклучување во производство на 1,6-литарскиот турбо-бензинец и делови за него, што во Европа се вградува главно во изведбите на Peugeot 308 & 3008, Opel Astra, Citroen C5 AirCross со приклучен хибриден погон. Производството на моторот за моделите за американскиот пазар ќе се одвива во комплексот Данди во Мичиген, во Кокомо во Индијана и во Етобикоук во Торонто.
Концернот Stellantis засега посочува единствено дека моторот ќе се вградува во два идни модели со хибриден погон за пазарот во Северна Америка. Тоа ќе биде прв мотор во хибридна погонска спрега, што компанијата ќе го вградува во своите модели во поширокиот регион. Производството е планирано да стартува во почетокот на 2025 година.
Главната инвестиција, во висина од 83 милиони долари, наменета е за комплексот Данди, каде што ќе се одвива завршната монтажа на моторот. Во оие погони во Мичиген и натаму ќе се произведува 3,6-литарскиот мотор Pentastar за Jeep Grand Cherokee и Jeep Grand Cherokee L. Четирицилиндарскиот 2,4-литарски Tigershark ќе стартува во првиот квартал во 2023 година.
Stellantis to invest $99M in Dundee, parts plants for hybrid engines https://t.co/TWMq7Mw8ni
— The Detroit News (@detroitnews) August 1, 2022
Леењето на блоковите ќе се одвива во Кокомо, една од најголеми ливници од овој вид во светски рамки. Повеќе од 14 милиони долари се вложуваат за новите калапи и машини за новиот мотор. Картерот ќе се изработува во Етобикоук и за тоа се вложуваат близу 2 милиони долари, за нови алати и приспособување на опремата.
Овие инвестиции се дел од стратегијата Dare Forward 2030, којашто цели концернот Stellantis да развива иновативни, чисти, безбедни и достапни решенија за мобилност.
Десетте електрични Peugeot и Opel се досега најгласниот будилник за електромобилноста