Mercedes-Benz предупредува за фалсификувани делови во онлајн-трговијата

Во минатата година, во повеќе од 650 рации извршени од царинските и инспекциските органи, биле запленети 1,86 милион фалсификувани делови.

Штутгарт предупредува дека трговијата со фалсификувани производи на Mercedes-Benz во светски рамки продолжува да расте. Во споредба со 2020 година, лани биле запленети за околу шест проценти повеќе производи што бесправно го носат знакот на Mercedes-Benz.

Фалсификувањето производи не само што е илегално, туку и ја загрозува безбедноста, а може да влијае и лошо врз здравјето на учесниците во сообраќајот. Mercedes-Benz силно се бори против вакви фалсификати. Станува збор за делови, како сопирачки дискови и тркала, но и делови од каросеријата или од управувањето.

Рената Јунго Брингер, членка на управниот одбор на Mercedes-Benz Group AG за интегритет и право: „Индустријата на фалсификати има структура на организиран криминал и честопати постигнува повисока заработка од трговијата со наркотици. Во светски рамки остваруваме тесна соработка со органите, за овие структури да ги потиснеме и да се бориме за безбедност во сообраќајот.“

Во пандемијата во последните две години, пиратите на производи засилено ги користеле онлајн-продавниците и каналите на друштвените мрежи, за да понудат фалсификувани производи. Борбата против онлајн-трговијата со фалсификати, особено нивното откривање и следење, станува сé потешка. Фалсификуваните производи може кусо да се понудат во онлајн-продавниците и за миг да се распродадат преку друштвените мрежи.

Разлика во патот на сопирање на оригиналните и фалсификуваните делови

https://photos.app.goo.gl/CoipeH8hgYoJycrR8

Mercedes-Benz применува посебна стратегија, затоа што фалсификуваните производи секако дека може да влијаат лошо и врз имиџот на марката. Се работи на три фронтови: Откривање, напад и спречување. Тимови работат на откривање на сомнителни понуди во онлајн-продавници, на друштвените мрежи и на саеми.

Лани од онлајн-продавниците биле отстранети над 126.000 фалсификувани производи, откриени од тимовите на Mercedes-Benz

https://photos.app.goo.gl/7iotKSzQZUKbaRhL6

Фалсификатите честопати не се разликуваат надворешно од оригиналните делови. Но, при нивно тестирање и во реални услови на возење, се покажуваат огромни разлилки во квалитетот и во безбедноста. Квалитетот на тие производи обично е слаб и не се исполнети законските минимални барања во поглед на безбедноста.

Посебното одделение на Mercedes-Benz, именувано Team Intellectual Property Enforcement, соработува тесно со царинските и инспекциските органи во светски рамки. Редовно се одржуваат обуки и се распределуваат информации до најразлични целни групи.

Во Бугарија возат фалсификувани сервисни возила на ADAC

Претходна објаваИсториски крстосувачи на Opel ќе се натпреваруваат во елеганција
Следна објаваStellantis ќе го произведува 1,6-литарецот на Peugeot во Aмерика

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here