за

Историски крстосувачи на Opel ќе се натпреваруваат во елеганција

Opel ја буди големата тројка модели, Kapitän, Admiral и Diplomat од 1960-те години, коишто во почетокот на септември ќе земат учество на собирот на олдтајмери покрај замокот Швецинген.

Гала-собирот за историски автомобили во Швецинген се вбројува меѓу најпретставителните настани од овој вид. Тоа го почитуваат во Opel и годинава покрај историскиот замок ќе пуштат марката да ја претставуваат луксузните модели од 1960-те години.

Тоа е легендарна тројка модели, со коишто Opel достигна свои модели да понуди и во највисоката класа. Секако дека станува збор за триото KAD, односно за Opel Kapitän, Admiral и Diplomat. Во барокната градина на замокот Швецинген, покрај 180-те избрани класични возила од целата автомобилска историја, Opel ќе биде застапен и со модел од најраните години на моторизираната мобилност. Сепак станува збор за компанија со 160-годишна историја, што подолго од половина од своето постоење произведува автомобили. Преставник на најраните автомобилски денови на Opel ќе биде моделот 4/8 PS, од 1909 година, познат и како „Doktorwagen“, односно автомобил за лекари.

Паралелно со собирот на историските возила, во првиот викенд од септември во замокот Швецинген се одржува и 7-от ECOmobil, кој годинава се вози под мотото „Иднината се среќава со историјата – доживејте ја еко-мобилноста“. На овој настан ќе се соберат пионерите и актуелните модели со електричен погон. Opel секако дека ќе биде присутен со изведбата на новото комби Opel Astra Sports Tourer со приклучен хибриден погон.

Класик-галата Швецинген е единствено доживување, поради невообичаената атмосфера во паркот на замокот. Во тој амбиент, публиката ќе ја одушевуваат големите модели на Opel од 1960-те години – автомобили што се забележливи со својот безвременски и елегантен дизајн, а притоа го нудат и највисокот комфор од тоа време

Лајф Роведер, директор на Opel Classic

New item by Automedia MK / Google Photos

KAD: Големата тројка од Риселсхајм

KAD – оваа кратенка е добро позната на сцената и надвор од кругот на обожувателите на Opel. Моделите Kapitän, Admiral и Diplomat во 1960-те и 1970-те години ја сочинуваат „големата тројка“ во автомобилската виша класа на Opel. Сите три модели се одликуваат со богата, комфорна опрема, со пространа внатрешност и со дизајн што влече црти од американските лимузини од тоа време.

Трите модели ја делат истата каросерија. Со должина од 4,95 метри и ширин од 1,90 метар, каросеријата на автомобилите од вишата класа на Opel достигна нови димензии – „Opel покажува големина“, така се рекламираше во тоа време. Додека Kapitän е продолжение на моделската серија на најпродаваниот германски автомобил со шестцилиндарски мотор, а луксузниот Admiral се надоврзува на успехот на познатиот предвоен модел со истото име, Diplomat беше сосем нов модел. Opel во тоа време беше единствен германски прозиводител, што на своите клиенти им нудеше сеопфатен избор од модели: Од Kadett преку Rekord, Kapitän и Admiral, до Diplomat, за секого имаше соодветен модел.

Од моделите што Opel Classic ќе ги прикаже на годинешната Classic-Gala Schwetzingen, конкретно се работи за Diplomat V8 Coupé од 1966 година и за Admiral V8 од 1965 година. Моторот V8 од 5,4 литри со 230 КС го забрзува купето за 9,5 секунди до темпо сто, а крајната брзина е над 200 km/h. Во тоа време не постои германски автомобил што е побрз, а со цената од 25.500 марки тоа е најскапиот Opel. До 1967 година се изработени само 304 примероци од благородничкото купе, коешто се монтираше кај каросеристите Karmann во Оснабрик.

Одушевува и Admiral, посебно со најсилниот мотор со 190 КС и со двостепен автоматски менувач „Powerglide“. Тој исто така постигнува 200 km/h и се одликува со префинет погон и висок возен комфор. Од првата генерација, меѓу 1964 и 1968 се произведоа 55.876 примероци од Admiral A. Од нив, само 623 примероци имаат шестцилиндарски мотор. Admiral V8 денес е посебно ценет јангтајмер. На возилата од фабричката збирка, во Швецинген ќе им се придружи Kapitän од приватна сопственост.

4/8 PS „Doktorwagen“: Opel уште во најраните денови прави автомобилите да бидат достапни за поширок круг купувачи

Посетителите на барокната градина на замокот Швецинген ќе се сретнат и со вистински пионер. Opel 4/8 PS беше еден од најдостапните модели во тоа време. „Докторваген“ е пуштен во продажба по десет години од почетокот на Opel во производството на автомобили. Моделот 4/8 PS во 1909 година чинел 3.950 марки, но и одржувањето било достапно. Исто се внимавало и конструкцијата на возилото да биде издржлива и возењето да биде едноставно. Купувачи биле главно трговски патници, но и лекари и ветеринари. Оттаму и името „Doktorwagen“. Техничка посебност е тоа што 4-цилиндарскиот мотор е изработен од само еден одливок, што е тогашна новина за Opel.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Тест · Opel Astra Ultimate 1.5 Diesel: Родена под среќна ѕвезда

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Американските возачки и возачи се најсреќни со Kia

Mercedes-Benz предупредува за фалсификувани делови во онлајн-трговијата