Првиот електричен модел на Kia врз посебна платформа, кросоверот EV6, доби најмногу признанија од сопствениците, во класата на компактните СУВ-модели. Семејниот ван Carnival исто така победи во својата категорија, а победничката тројка ја заокружи лимузината K5, како модел во средната класа.
Уште едно големо признание на Kia на американскиот пазар, откако марката триумфираше во претходното истражување на JD Power и се докажа како марка со најмалку дефекти во првата година по испораката. Новата победа е во истражувањето на истата компанија, во коешто се зема предвид колку сосптвениците се задоволни од својот нов автомобил во првите 90 денови по купувањето.
Моќниот американски огранок на Kia освои три награди во рамките на J.D. Power Automotive Performance, Execution and Layout (APEAL), истражување за првичните искуства на сопствениците на автомобил. Награда за Kia освои електричниот кросовер EV6, прв модел на марката којшто е конструиран врз посебна платформа за електричен погон. Овој модел е почетниот и решавачки чекор на Kia во остварувањето на Plan S, како што е наречена стратегијата на марката за електрификација на гамата.
Покрај електричниот кросовер EV6, којшто победи меѓу компактните СУВ-модели, во своите категории победија луксузниот семеен ван Carnival MPV и лимузината K5, наследничка на Optima. Победите на овие три модели се надоврзуваат на претходниот триумф на Kia Forte, којшто победи во компакт класата во истражувањето на задоволството на клиентите од нивниот автомобил во првата година по купувањето (J.D. Power Initial Quality Study).
Ready to share your song with the world? Go to https://t.co/SWkgXuPcV2 to find out how you can enter your track into the Kia Creator Contest. Entries must be submitted by Aug. 16, 2022 (23:59 EST). pic.twitter.com/qYAaOeKdqz
— Kia America (@Kia) August 2, 2022
„Како дел од најновата трансформација на нашата марка, се поставивме како симбол на предизвикот и иновацијата, за да развиваме производи што се над светската класа“, цени Стивен Сентер, оперативен директор на Kia America. „Трите награди APEAL ни даваат поттик за начинот на којшто се трансформиравме, за да бидеме лидер не само во автомобилите, туку и во електрификацијата и во мобилноста, посебно земајќи ги предвид високите оцени што ги стекна EV6 од почетокот на продажбата“.
Истражувањето J.D. Power APEAL одредува во колкав степен сопствениците на нов автомобил се задоволни од своето возило во првите 90 денови по испораката. Сопствениците одговараат на 40 прашања, поделени во 10 различни групи на прашања. J.D. Power потоа ги вреднува одговорите и одредува вредност на APEAL на скала што мери до 1.000 бодови.
Kia Forte четврта година победува со квалитетот според JD Power