за

Британската пошта купи уште 2.000 електрични фургони Peugeot

Планот на Кралската Пошта е до 2023 година да создаде возен парк со 5.500 електрични возила. Целта е сосем достижна, затоа што сега пристигнуваат уште 2.000 електрични Peugeot e-Expert и e-Partner.

Peugeot доби нова нарачка од Кралската Пошта на Британија, за испорака на дополнителни 2.000 електрични доставни возила. Марката со лавот е еден вид заштитен знак на националната служба за достава на пратки, којашто во својот возен парк располага со околу 28.000 возила Peugeot.

Peugeot ја снабдува Ројал Мејл, кралската пошта на Британија, уште од 2009 година. Со најновата нарачка за 1.000 возила PEUGEOT e-Partner и уште 1.000 возила PEUGEOT e-Expert, Поштата продолжува кон остварувањето на својата цел, до пролетта во 2023 година да располага со возен парк од 5.500 електрични возила.

Седумдесет подружници на Ројал Мејл веќе имаат вклучено електрични возила во својот возен парк. Возилата на струја главно се користат за достава на пакети и пратки до крајните корисници во градовите во коишто постојат зони со ниска емисија на штетни гасови. Покрај Лондон, такви зони постојат уште во Бристол, Глазгов, Кембриџ и Оксфорд.

Обврската што Ројал Мејл си ја постави за намалување на емисијата на штетни материи во сите свои подрачја на делување, се совпаѓа со стратегијата за електрификација на Peugeot, којашто предвидува во секое моделско семејство на марката со лавот по 2024 година да биде достапна електрична или приклучна хибридна изведба.

Покрај тоа, Peugeot e-Partner од почетокот на следната година ќе се произведува дополнително во Велика Британија, во фабриката во Елсмир Порт. Во поглед на корисноста на товарниот простор, нема разлика со изведбите со дизел или бензински мотор. Гамата на товарни возила на Peugeot уште сега нуди по една електрична изведба од секој модел.

PEUGEOT e-Partner користи батерија од 50 kWh, со којашто постигнува досег до 275 километри. Фургонот располага со товарен простор од 4,4 метри кубни и носивост од 800 килограми. Корисниците може да изберат и верзија со продолжена каросерија, како и комби изведба, со пет седишта.

Поголемиот PEUGEOT e-Expert дополнително се нуди и со батерија од 75 kWh, па досегот соодветно изнесува 230, односно 330 километри со поголемата батерија. Тука исто стои на располагање верзија со продолжено меѓуоскино растојание. Како фургон од средна класа, e-Expert може да понуди носивост до 1.226 килограми и зафатнина на товарен простор од 6,6 метри кубни.

Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tesla priemno oddelenie

Утка во нов софтвер скусила досег на Tesla, за враќање 4.500 евра трошок

Американските возачки и возачи се најсреќни со Kia