Случајот со овој сопственик на Tesla е сличен со хакерските напади, кога податоците на компјутерот се заклучени и за отклучување треба на уценувачот да му се плати одредена сума. За досегот на електричниот автомобил да се врати како пред обновувањето на софтверот, сопственикот треба да плати скапо.
Автомобилот за којшто станува збор, произведен е во 2013 година, моделот е S 60, и сегашниот сопственик го купил како користен автомобил. Поради дефект на батеријата, таа пред неколку години била заменета со нова, во рамки на гаранцијата. Бидејќи сервисот на Tesla во моментот не располагал со батерија од 60 kWh, била вградена поголема батерија од Tesla Model S 90. На тој начин, сопственикот на Tesla Model S 60 по сервисирањето практично добил Tesla Model S 90, вклучувајќи и подолг досег.
По девет години откако автомобилот излегол од фабрика, од Tesla му се јавиле на третиот и актуелен сопственик. Човекот дознал дека производителот при обновувањето на софтверот открил грешка во конфигурацијата на возилото и му било понудено да се отстрани тој пропуст. Не е тешко да се погоди, каде погрешиле во Tesla. При вчитувањето на новиот софтвер, било земено предвид дека станува збор за Tesla Model S 60. Соодветно на тоа, се скусил и досегот, па место софтверот да се ориентира според заменатата батерија од 90 kWh, тој сметал дека батеријата е старата, значи од 60 kWh. На тој начин, досегот се скусил за 129 километри.
Кога сопственикот побарал Tesla да излезе со решение за проблемот, оттаму му соопштиле дека тоа е можно, но ќе треба да плати 4.500 долари за сервисниот зафат. Нормално дека во таков случај се бара друг излез. Помош била побарана во независната сервисна работилница за Tesla, на прочуениот експерт Џејсон Хјуз. Тој е еден од првите што ја има целосно расклопено батеријата на Model S и јавно ги има прикажано конструкцијата и техниката. Експертот преку меморијата видел каква историја ѝ се има случено на Tesla Model S и успеал да го врати првичниот досег. Но, „поправката“ траела само кусо, затоа што автоматизираниот софтвер на Tesla, т.н. Teleforce-Bot, веднаш ги бришел зафатите на Хјуз.
Tesla really fires me up sometimes.😡🧵
I have a customer who's the ~3rd owner of a 2013 Model S 60.
At some point years ago the battery pack was swapped under warranty with a 90 pack. It wasn't software limited. It was effectively made into a 90 by Tesla.
Years went by.
(1/*)— Jason Hughes (@wk057) July 25, 2022
Постојат начини да се надмудри софтверот на Tesla, но ниту еден од нив не е оптимален. Единствено Tesla може да го реши проблемот. Така и се случи. Откако Хјуз објави на твитер за случајот, се раздвижија нештата во Tesla, па експертот подоцна објави дека во сличен случај со друг клиент, производителот ја отстранил блокадата. Дали за тоа исто така бил побаран откуп, или случајот бил решен бесплатно, засега е непознато. Во меѓувреме и сопственикот на Tesla од којшто почна целата приказна, повторно го има на располагање целосниот досег на батеријата што е вградена во неговиот автомобил.
Someone made the excellent analogy for this.
I'm the human trying to turn on the switch, and Tesla's teleforce bot is the robot inside the useless box reaching to turn it back off. 🤣 https://t.co/ybiQUr5OG2 pic.twitter.com/RhZq4Ht0ro
— Jason Hughes (@wk057) July 26, 2022