за

Land Rover Defender со мотор 5.0 V8 во серија од 25 примероци

Land Rover изработи уште 25 ексклузивни примероци од Defender со мотор V8, од легендарниот модел што престана да се произведува во 2016 година.

Специјалната серија именувана „Works V8 Trophy II“ е дело на одделението за историски возила Land Rover Classic. Каросеријата е обложена со посебна фолија, со впечатлива графика што ги прикажува сите 23 региони со посебно значење за авантуристите и истражувачите во 70-те години на Defender.

Моторот V8 со зафатнина од 5,0 литри располага со моќност од 405 КС и ја пренесува моќта преку осумстепен автоматски менувач ZF. Во посебната техника на Land Rover Defender Works V8 Trophy II спаѓаат и сопирачки со врвни перформанси и пакет мерки за постигнување подинамични возни својства. Секако дека во опремата спаѓа и техниката што суштински им е потребна на авантуристите: Вител, дополнителни рефлектори и „експедициски надворешен кафез“.

Спортските седишта Recaro, арматурната табла и вратите се обложени со виндзор кожа во две бои. Часовникот е дизајниран во истиот стил како фолиите на каросеријата.

Секој купувач на Defender Works V8 Trophy II добива покана да учествува на вториот Land Rover Trophy. Тоа е настан со теренско возење, што трае три денови и посебно е организиран од Land Rover Classic. Заедно со премиерата на Land Rover Defender Works V8 Trophy II, производителот на часовници Elliot Brown нуди специјална серија што е ограничена на 1.000 часовници и инспирирана е од специјалното издание на Defender. Купувачите на возилото добиваат ексклузивен часовник „Competitor’s Edition“.

Специјалната серија изработена од одделението Classic се надоврзува на серијата Defender Works V8 Trophy I, којашто беше понудена лани и исто така се состои од 25 примероци, но тие се лакирани во жолтата боја што потсетува непогрешливо на најголемите теренски авантури на Land Rover, главно на Камел Трофи.

Освен во каросериските изведби 90 и 110 Station Wagon, специјалната серија од историскиот Defender Works V8 првпат е достапна и како пикап со двојна кабина, 110 Double Cab Pick-Up.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

 

Како се конфигурира Range Rover што вреди колку куќа на Водно?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Олдтајмери вредни милиони ќе се продаваат масовно во Монтереј

tesla priemno oddelenie

Утка во нов софтвер скусила досег на Tesla, за враќање 4.500 евра трошок