за

Во Бугарија возат фалсификувани сервисни возила на ADAC

Во Источна и Југоисточна Европа повторно се појавија измамници со возила што личат како да се на автоклубот ADAC. Нивната „услуга“ е многу скапа.

Измамнички групи со возила што се преправени да личат како возила на автоклубот ADAC, ловат патници во неволја по патиштата во регионот. Посебни уреди го попречуваат телефонот.

Лажни „Жолти ангели“ на ADAC повторно оперираат по патиштата во Источна и Југоисточна Европа. Тие наплаќаат неразумно високи суми за носење во сервис на возилата во дефект, како и за поправки што обично се измислени. Освен во Унгарија и Србија, од клубот со седиште во Германија, предупредуваат дека лажните возила зачестено се среќаваат и во Бугарија, Хрватска и Словенија. Измамниците работат и во Словачка, Литванија и Полска.

Возилата се лакирани во препознатливата сигнална жолта боја на ADAC, заедно со останатите визуелни обележја, како и со логото на клубот и со натпис „Im Auftrag des ADAC“ (по налог на ADAC). Во некои случаи, измамниците користат и возила со натпис што оддалеку личи на логото, од типот на ACDC и слично. Лажните помагачи носат и облека во боите на клубот.

Клубот ADAC воопшто не располага со сопствен возен парк надвор од Германија. Партнерите на клубот исто така не смеат да ги користат обележјата на клубот, ниту на возилата, ниту во сервисните работилници. Единствен исклучок е возилото на ADAC во северна Италија, со коешто се интервенира во случај на дефект.

Криминалците обично чекаат на автопатот и директно нудат помош при дефект. Телефонските повици на патниците во неволја обично не успеваат, затоа што измамниците користат попречувачи на сигнал во своите возила. Во таков случај, возачот во неволја треба да го заклучи возилото и да се оддалечи неколку метри од местото, за оттаму да се обиде да добие сигнал.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW им дава двојка на претендентите за брзиот трон

Обновена станицата на Макпетрол на влезот во Неготино