Обновена станицата на Макпетрол на влезот во Неготино

Макпетрол покажува примерна постојаност во следењето и исполнувањето на потребите на своите потрошувачи, како начело што се повторува во секое обраќање на компанијата до јавноста. Новината од Макпетрол е завршувањето со обновувањето на станицата на влезот во Неготино.

Најголемиот дистрибутер на горива во Македонија постојано инвестира во обнова на своите бензински станици, како и изградба на нови, со цел подобрување и осовременување на својата мрежа на услужни објекти. Во синџирот на бензински станици на Макпетрол, потрошувачите имаат можност да ги користат сите видови горива, како и дополнителните услуги кои можат да ги добијат во современите продажни објекти.

Во обновената и современа бензинска станица на влезот од градот Неготино се инвестирани повеќе од 27 милиони денари. Истата ги нуди квалитетните горива од ULTRA фамилијата на Макпетрол, вклучувајќи гo и течниот нафтен гас за возила, а во продажниот објект на бензинската станица на потрошувачите им стои на располагање широк избор на производи од дополнителниот асортиман.

Макпетрол како водечка компанија на македонскиот пазар е секогаш подготвена да одговори на енергетските потреби на општеството, и како досега, преку константните инвестициони зафати на своите објекти, претставува двигател на економскиот сектор во државата.

Работејќи по највисоки стандарди кога станува збор за транспорт и продажба на нафтените деривати, на своите корисници им нуди квалитетно, сигурно и економично снабдување со нафтени деривати, гас и био горива.

 

Претходна објаваВо Бугарија возат фалсификувани сервисни возила на ADAC
Следна објаваЕлектричен Peugeot во 2026 година ќе чини исто колку бензинец