Новото моделско годиште на MX-30, првиот електричен модел на Mazda, се одликува со подобрена техника за полнење, со неколку зафати во звукот, како и нови бои за каросеријата и внатрешноста.
Компактниот СУВ-модел со 100% погон на струја, Mazda MX-30, во новото моделско годиште ја полни батеријата побрзо и има подобрена функционалност при полнењето, звукот при возење исто така е подобрен, а може да се избира и меѓу неколку нови бои за каросеријата и за кабината..
Техничките подобрувања се направени со цел да се овозможи побрзо полнење на батеријата. MX-30 сега подржува трифазно полнење со 11 kW, а се овозможува и користење брзи полначи со еднонасочна струја, сега со моќност до 50 kW, место 40 kW. Со тоа може да се скуси времето на полнење за десетина минути. Mazda тврди дека полнењето до 80% во тој случај би траело само 26 минути.
https://photos.app.goo.gl/kkCekko8fMCzz8Fo8
Звукот на MX-30 сега му овозможува на возачот да добие поверна претстава за вртежниот момент што го произведува електромоторот. Фреквенцијата на звукот при возење е променета, за звукот повеќе да се совпаѓа со останатите звуци, на пример, од тркалата и од струењето на воздухот. На тој начин се постигнува поприродно чувство при возењето.
https://photos.app.goo.gl/ZfGdNQxR7K8ffZZg7
https://photos.app.goo.gl/YDwvCdtCkG5s2qhi8
https://photos.app.goo.gl/hMUB9r41gGGs76X99
На досегашните две варијанти на бои во кабината, белата (Modern confidence) и кафената (Industrial vintage), им се придружува целосно црна кабина (Urban expression). Шарите во денимот на седиштата се изведени во сива или бела боја, додека во средишната конзола и во вратите се ставени акценти во боја на темна плута.
Две нови повеќебојни комбинаци за каросеријата се Jet Black и Zircon Sand, којашто е воедно и нова боја во целата гама на Mazda. Со тоа, сега на располагање стојат вкупно четири повеќебојни комбинации за каросеријата.
https://photos.app.goo.gl/1vJaJp4s3Z98vwLz9
Внатрешната боја Zircon Sand може да се комбинира само со комплетно црна кабина. Оваа природна беж боја е инспирирана од циркон-песокот, којшто пак потсеќа на далечното минато на Mazda и на изработката на калапи за леење. Втората нова боја, Jet Black, комбинира кровни столбови во сребрена боја и комплетно црн ентериер. За поспортска појава, постоечката боја Soul Red Crystal отсега може да се комбинира со комплетно црн покрив и столбови.
https://photos.app.goo.gl/URY9URuCz2pmmQRv6
https://photos.app.goo.gl/R4QTSGfAhQUSJEcd7
https://photos.app.goo.gl/fnhxr6khkkW35XKf6
https://photos.app.goo.gl/eYFikyhbajREd1fMA
https://photos.app.goo.gl/k9Ma7BgvWZJGhkQn9
https://photos.app.goo.gl/gxgTzhgyiNsrpeAV7
https://photos.app.goo.gl/mTuqDQZG85PHm3b99
https://photos.app.goo.gl/5qvBKie1GiyW5aZa7
https://photos.app.goo.gl/5bfPuKkvnJFG54xL6
Mazda стартуваше со производство на CX-60, прв со приклучен хибриден погон
















