Прочуениот Форум на Лејкерси стана Форум на Киа

Регистрирана официјално како домашен производител со седиште во Калифорнија, Kia America доби право да го користи името и да биде официјален автомобилски партнер на арената во Инглвуд, којашто денес е во функција на концертна и забавна хала.

Концерти и настани поврзани со најголемите имиња во музичкиот и забавниот свет, доделувања награди, бокс мечеви, комбинирани боречки вештини, многу важни настани што досега се одржуваа во Форум, сега ќе се одржуваат во Киа Форум. Изграден пред 55 години и познат како архитектонско чудо поради целосното отсуство на внатрешни столбови, Форумот во 2014 година доби статус на заштитен објект од историско значење и во 2021 година беше именуван за „Арена на деценијата“ во рамките на Pollstar Awards”.

Преименувањето во Киа Форум е уште еден чекор во насока на трансформацијата на Киа во САД, којашто беше забрзана лани со дебито на електричниот кросовер EV6, и со воведувањето на стратегијата наречена Plan S, односно Plan Shift. Во амбициозната програма што предвидува 25 милијарди долари ќе бидат претставени 11 електрични возила на светскиот пазар до 2026 година.

https://twitter.com/Kia/status/1511054203623407619?s=20&t=-rEnpcInhBSFt6DG4DtbJg

Шпанската каратистка Сандра Санчез: „Мојата Kia EV6 е како авион“

Претходна објаваMercedes-Benz ќе направи патиштата во Холандија да станат побезбедни
Следна објаваКинески BYD повеќе не произведува автомобили со обичен мотор

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here