Нов СУВ-модел на Peugeot: Каде што има 3008 и 5008, има место и за 4008

Електричната изведба нема да биде единствената новина во гамата на Peugeot 308 во следните неколку години. Наскоро ќе стартува со продажба и купе-СУВ, во сегментот на Toyota C-HR, Volkswagen T-Roc и Kia XCeed.

Маскирани прототипи од Peugeot 4008 моментно се тестираат по јавните патишта во Германија. На возилото јасно се забележува новиот амблем на Peugeot, така што нема сомнеж околу потеклото на автомобилот. Лавовските заби секако дека ќе бидат обележје и на новата моделска изведба во гамата на веќе 11-кратно одликуваниот 308, со титули што се признаени во светски рамки.

Ова е првпат, очекуваниот нов модел во гамата на француската марка, да се појави на тестирање по јавни патишта. Peugeot 4008 ќе има пониска силуета во споредба со 3008, со издолжен опаш и со нагласена ширина, што создава впечаток на моќен автомобил. Во поглед на динамиката, основата од Peugeot 308 е повеќе од добра. Новиот компакт на тестирањето во Аутомедиа покажа исклучително лесна управливост, одличен баланс и темперамент. Peugeot 4008 само ќе го надгради тоа за уште една нијанса.

Во погонот може да се очекуваат истите мотори и комбинации од Peugeot 308, што значи 1,2-литарски турбо бензинец со 130 КС, дизел со иста моќност, но и две хибридни изведби, со 180 и 225 КС. Постои голема веројатност дека и спортскиот огранок PSE ќе се јави со своја верзија, веројатно со слична погонска конфигурација како 508 PSE. Електрична варијанта со 156 КС и батерија од 54 kW се подразбира.

Ознаката 4008 ја носи и специјалната изведба на Peugeot 3008 со продолжено меѓускино растојание, што се произведува и се продава на големиот кинески пазар. Истата бројчена ознака ја користеше и верзијата на Mitsubishi ASX, во периодот меѓу 2012 и 2017 година, како претходничка на актелниот Peugeot 3008.

https://photos.app.goo.gl/Ln4x1FHPyvH2GPgu6

https://photos.app.goo.gl/7gvrkFF4APcudzvB8

https://photos.app.goo.gl/PdGCG3v7KQxKnhaA6

Тест-возење на Peugeot 308: Колку француски може да биде еден автомобил?

Претходна објаваИрачки министер загрижен оти светот може да навали по електрични автомобили
Следна објаваВо полски Вроцлав ќе возат електрични автобуси Mercedes-Benz

1 КОМЕНТАР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here