Во полски Вроцлав ќе возат електрични автобуси Mercedes-Benz

Вроцлав е втор град во Полска, по Гдинја, во којшто ќе возат електрични градски автобуси на Mercedes-Benz.

Единаесет зглобни автобуси Mercedes-Benz со погон чисто на електрична енергија, од типот eCitaro G, ќе превезуваат патници во полскиот град Вроцлав, тивко и без штетна емисија. Автобусите ќе бидат испорачани во третиот квартал од следната година и ќе бидат во служба на градското претпријатие за јавен превоз.

Електромоторите на единаесетте нови eCitaro G црпат енергија од никел-манган-кобалт батерии (NMC) од втора генерација. Оваа батериска технологија одговара подеднакво и за ноќно полнење во депо и за полнење на брзи полначи со еднонасочна струја. Автобуси на Mercedes-Бenz во повеќе градови ширум Европа веќе ја користат оваа технологија.

Благодарение на високиот капацитет од 396 kWh, претпријатието за јавен превоз може времетраењето на користењето на автобусите и на полнењето на батериите да го одредува според потребите и условите. Автобусите во иднина ќе се полнат и во депо преку ноќ, и додека превезуваат на линија, со помош на пантографот што е поставен на покривот.

Управувањето со температурата помага да се продолжи досегот

Меѓу посебностите на eCitaro спаѓа управувањето со температурата, што придонесува да се зголеми досегот и лете и зиме. Покрај автоматското одржување на температурата во патничкиот простор, термоменаџментот се грижи и за батеријата. Системот за ладење и греење се базира на топлинска пумпа на СО2, којашто е поврзана со системот за водено ладење. Пумпата се грижи за намалена  потрошувачка на енергија, во споредба со обичен вентилатор со грејач.

Верзијата Citaro со обичен погон веќе со години е дел од превозот во Вроцлав.

Претходна објаваНов СУВ-модел на Peugeot: Каде што има 3008 и 5008, има место и за 4008
Следна објаваToyota Yaris Cross е автомобил на годината во Србија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here