Ирачки министер загрижен оти светот може да навали по електрични автомобили

Ирачкиот министер за нафта Ихсан Абдул Џабар, во интервју за именитиот Њујорк Тајмс, посочи дека членките на ОПЕК, Организацијата на земји извознички на нафта, покажуваат загриженост од можното зголемување на интересот за купување електрични автомобили, поради рекордно високите цени на нафтата.

Џабар во интервјуто за американскиот весник открива дека ОПЕК планира во следниот месец да го зголеми производството за 400.000 барели нафта дневно. Ирачкиот министер сепак е загрижен дека високите цени може да доведат до намалување на побарувачката за нафта. Уште полошо сценарио за земјите членки на ОПЕК би било скапата нафта да го забрза преоѓањето на електрични автомобили и да ја намали зависноста на државите ширум светот од увозот на нафта.

Во состав на ОПЕК Плус влегуваат 23 држави, вклучувајќи ја Русија. Организацијата е трет најголем производител на нафта во светот. Џабар за американскиот весник открива дека тие се „среќни во краток рок, но не се среќни ако ситуацијата потрае.“

Цената на нафтата и гасот порасна по конфликтот меѓу Русија и Украина. Но, во исто време цената на нафтата почна да бележи пад поради новиот бран на Ковид-19 во Кина. Во почетокот на неделава, во вторникот, цената на нафтата се спушти под 100 долари за барел. Глобалното мерило за цената на нафтата, брент нафтата, поевтине за 7,4 проценти, на 99,91 долари за барел.

Џабар се пожали дека во последните две години се вложува малку во енергетиката во регионот на Персискиот Залив, поради пандемијата и намалената побарувачка за нафта. Ирачкиот министер цени дека е потребно да мине долго време, за производството да се зголеми во значителна мера.

Ирак како еден од најважните производители на нафта во светот, може да го зголеми сопственото производство на нафта за само 40.000 барели дневно, меѓутоа количината е само капка во глобалната побарувачка, којашто изнесува 100 милиони барели нафта дневно.

ЕУ вложува во три соларни електрани во Битола и железничко поврзување со Софија

Претходна објаваPeugeot првпат достапен во Пакистан, наскоро и локална монтажа на возила
Следна објаваНов СУВ-модел на Peugeot: Каде што има 3008 и 5008, има место и за 4008

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here