Електричен Volkswagen искачи 15 планини со едно полнење

Малку митови останаа околу електричните автомобили. ID.3, првенче од новата генерација модели на струја на Volkswagen, лани во јули веќе постави еден рекорд, совладувајќи 531 километри растојание од фабриката до Швајцарија. Сега падна уште еден рекорд.

Сцената првпат слушна за Феликс Еголф лани во јули, кога шампионот во штедливо возење електричен автомобил успеа со батерија за којашто фабриката декларира досег од 420 километри, да мине 531 километри. Толку километри совлада ID.3 со батерија со средна големина, значи 58 kW, од фабриката во Цвикау до швајцарскиот Шафхаузен.

Швајцарецот овојпат ја имаше на располагање изведбата на Volkswagen ID.3 со батерија од 77 kWh, со фабрички декларирани 539 километри досег. Соодветно на тоа и предизвикот беше многу поголем. Поранешниот пилот на Swiss мина 15 планински превои, не било каде, туку токму по швајцарските планини, на рута во вкупна должина од преку 600 километри. Најнискиот превој беше Хирцел со 682 метри, а највисокиот Нуфенен на 2.480 метри над морето.

Потфатот започна од Хам, од седиштето на AMAG, увозник на Volkswagen во Швајцарија. Нотар го овери запечатувањето на пристапот до приклучокот за полнење, а воедно беше забележана и тежината на возилото, со возач и багаж: 1.925 килограми.

https://photos.app.goo.gl/RcJCCguDn5kFCHRz9

За искачувањето до првиот „двеилјаден“ превој на рутата и 26 километри пат до Гримзел, електричниот ID.3 троши 12 киловатчасови, што е 16% од капацитетот на батеријата. Како Швајцарецот очекува да совлада вкупно 15 планински превои?

На следните 100 километри пат, во коишто се совладуваат околу 3.000 висински метри, преку превоите Фурка (2.430 m), Готард (2.108 m) и Нуфенен (2.480 m), Volkswagen троши само 14 киловатчасови. Како е можно тоа?

„За разлика од автомобилите со мотори со внатрешно согорување, електричните автомобили при спуштање произведуваат енергија“, потсетува Феликс 

Електромоторот на спустовите работи како генератор и ја полни батеријата. Преку таканаречената рекуперација, ID.3 на овие 100 километри враќа околу 8 киловатчасови во батеријата. Со вешто возење, Феликс дури успеа да ја извози делницата во должина од 63 километри од Готард до Аквароса во долината Бленио со нула потрошувачка на енергија.

https://photos.app.goo.gl/t9S7hE2TEZwkhzQV6

На последниот превој, по извозени 550 километри, Volkswagen пријавил дека во батеријата останале само уште 2 проценти од капацитетот. По спуштањето, рекордерот добил информација на дисплејот на електричниот ID.3 дека му преостануваат уште 52 километри досег. На крајот, возачот се вратил на појдовното место со 0% батерија и со 0 километри досег.

Поставен е нов рекорд: 602 километри, 15 планински превои и 13.000 висински местри, толку минува Volkswagen ID.3 Pro S со едно полнење на батериајта, барем во случај кога зад воланот седи искусен штедливец.

Петнаесетте планински превои на рекордерското возење на Volkswagen ID.3 Pro S

https://photos.app.goo.gl/U15b6LwBkZTqwkhL9

Превој (со
оригиналното име)
Надморска висина [m]
Renggpass (Feldmoos) 1018
Glaubenberg 1543
Brünig 1008
Grimsel 2164
Furka 2430
Gotthard 2107
Nufenen 2480
Furka 2430
Gotthard 2107
Lukmanier 1972
Oberalp 2044
Ibergeregg 1406
Raten 1077
Hirzel 0682
Albis 0790

https://photos.app.goo.gl/VNYyAYEgUs1wUAoP9

Тестирањата на електрични автомобили во Аутомедиа:

>>> Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

>>> Volkswagen ID.3 ја тестира електромобилноста во Македонија

>>> Тест на Seres 3 · СУВ од Кина, електричен и премиум

>>> Mini ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 1)

Претходна објаваMercedes CLA со дизајн на Славче Таневски во Германија попродаван од C-Class
Следна објаваOpel Corsa најпродаван автомобил во Грција во септември

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here