Воздушната перница се вбројува меѓу најважните изуми на Mercedes-Benz во подрачјето на пасивната безбедност. Важен датум е 23-ти октомври 1971 година, кога Daimler-Benz AG заштити патент под насловот „Aufprallschutzvorrichtung für den Insassen eines Kraftfahrzeugs“.
Воздушната перница ја започна својата животоспасувачка кариера под патент со број DE 21 52 902 C2. Изумот беше опишан како „Заштитен уред при судир за патниците во моторно возило“. Инженерите во Штутгарт уште во 1966 година започнаа да се занимаваат со воздушната перница што се надувува. Прв автомобил што стартуваше на пазарот со овој изум, во комбинација со затегнувач на безбедносниот ремен, беше S-Class од генерацијата W 126, кон крајот на 1980 година. Светската премиера се одржа на салонот во Амстердам, од 5-ти до 15-ти февруари 1981 година.
Сериското вградување воздушни перници за возачот и совозачот започна во 1992 година, прво во S-Class, во родстерот SL и во моделските изведби 400 E и 500 E од легендарниот W 124. За сите останати модели се доплаќаше за воздушна перница.
САД воведоа задолжително вградување воздушни перници за возачот и совозачот уште во 1997 година
Mercedes постојано воведуваше иновации. Во 1995 година беше претставена странична воздушна перница, три години подоцна се појавија и воздушните завеси (оригинално како Windowbag), во 2001 година следеше странична воздушна перница за заштита на главата и градниот кош, па воздушна перница за колената (2009) и странична воздушна перница за граден кош и за карличната коска (2013). Следеа уште Cushionbag – меѓу патниците и Beltbag – како воздушна перница вградена во самиот безбедносен ремен.
https://photos.app.goo.gl/kuzXs3NJyghkznoF8
Во генерацијата W 221 на S-Class во 2005 година беше воведен гасен генератор што ги надувува челните воздушни перници во два степени, зависно од судирот. Во новата S-Class (W 223) првпат се вградуваат и челни воздушни перници за патниците на задната клупа.
Голем придонес за безбедноста: Од 18.753 лица загинати во сообраќај во Германија во 1971 година, бројот во 1971 година бил намален на 2.719 лица во 2020 година
Идејата потекнува од пронаоѓачот Валтер Линднер од Минхен, кој на 6-ти октомври 1951 година го патентира изумот за „проширлива вреќа во здиплена состојба, што во случај на опасност се надувува автоматски“. Идејата постои, но недостига техника за истата да се реализира. Тоа е проблем до 1966 година, кога се ангажираат инженерите на Mercedes-Benz.
Професор Гунтрам Хубер, долгогодишен директор за безбедносна техника во Mercedes-Benz, своевремено изјави: „Знаевме дека ќе успееме, единствено не знаевме кога ќе успееме“.
Тимот на Хуберт морало да посетува обука за ракување со динамит
Успехот следеше по 250 реални тест-судири, повеќе од 2.500 тестови со возило поставено на лизгачка санка и илјадници експерименти со компонентите од системот. Потребни беа 15 години за системот да достигне сериска зрелост. Пресвртницата се случи благодарение на цврстото гориво што се користи во ракетите. При судир, пиротехнички генератор на гас го пали горивото, што ја надувува перницата од полиамид со зафатнина од 60 до 70 литри, за само десет милисекунди.
https://www.youtube.com/watch?v=X4NZqoBYRKk
Кон крајот на август, Mercedes-Benz ја претстави „Concept Collection“ во соработка со американскиот дизајнер Херон Престон. Колекцијата облека беше изработена од рециклирани воздушни перници.
https://photos.app.goo.gl/j4V3zhjaLxNccR9f9
https://photos.app.goo.gl/vU7aGyUfzWRBuxNT6
















