Според „Вол Стрит Журнал“ причина за продажбата е стравувањето на сопствениците од влезот на Амазон и Гугл во онлајн трговијата со автомобили.
Се продава cars.com, вториот најголем портал за купопродажба на нови и користени возила,. Групата сопственици го нуди американскиот портал по цена од 3 милијарди долари (2,2 млрд. евра), објави „Вол Стрит Журнал“.
Порталот за продажба почна да работи во 1998 година како дел од Classified Ventures, заеднички проект на повеќе издавачки куќи, меѓу кои се наоѓаат и најголемите американски медиумски претпријатија Генет, Трибјун и Меклачи.
Како причина за планираната продажба се наведува фактот дека интернет трговијата со автомобили го има достигнато врвот, но многу поверојатно е дека се работи за стравување на сопствениците дека интернет гигантите Гугл и Амазон самите ќе влезат во трговијата со автомобили на интернет. Cars.com, втор најголем портал по интернет страницата Autotrader.com, месечно бележи 11 милиони посетители и постигнува годишен промет меѓу 400 и 500 милиони долари.
















