за ,

Следната генерација на Toyota Yaris ќе има мотори од Mazda?

Повеќепати се случувало Toyota да вградува мотори од други производители во своите модели. Идната генерација на Yaris е можно под хаубата да го носи моторите Skyactiv од Mazda.

Во изјава за гласилото на автомобилската индустрија Automotive News, Кеиши Егава, прв човек во производствениот ланец на Mazda во Мексико, открива дека следната генерација на Yaris ќе има мотори Skyactiv од конкурентот Mazda. Овие мотори се одликуваат со повисок степен на компресија од вообичаениот, со што инженерите на Mazda се спротивставуваат на актуелниот тренд на мали мотори со турбонатполнење.

Дел од продукцијата на новиот Yaris ќе потекнува од фабриката на Mazda во Мексико. Околу 50.000 возила од вкупниот производствен капацитет од 230.000 возила ќе носат знак на Toyota. Неодамна Mazda ја претстави студијата Hazumi, како најава за новата Mazda2. Овој модел во класата на Yaris исто така ќе користи мотори Skyactiv, така што е сосема веројатно дека обата модела ќе го видат заеднички светлото на денот во мексиканската фабрика на Mazda.

Ова не е прв случај на соработка на Mazda и Toyota во подрачјето на погонската техника. Во Јапонија се продава хибридна верзија на Mazda3, со погонска технологија преземена целосно од Toyota Prius.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki Celerio: Малечкиот брат на Swift пристигнува кон крајот на 2014

Американскиот портал Cars.com се продава за три милијарди долари