Toyota останува како највредна марка на автомобили во светот во оваа година. Тоа е резултатот од студијата на „Бренд Фајненс“, најголемата светска организација за вреднување на марките.
Во минатата година се стабилизираше вредноста на јапонската марка со порастот од 34 проценти. Вредноста на Toyota моментно се проценува на 34,9 милијарди долари. Врвот на списокот на највредните марки им припаѓа и на BMW, на второто место со 29 милијарди долари, на Volkswagen (27 милијарди долари) и на Mercedes (24,2 милијарди долари).
На останатите места се наоѓаат:
(вредност во милијарди долари)
5. Honda: 22,2
6. Nissan: 21,2
7. Ford: 20,2
8. Porsche: 11,4
9. Hyundai: 9,2
10. Renault: 9,0
11. Peugeot: 7,1
12. Audi: 7,1
13. Chevrolet: 6,4
14. Kia: 5,4
15. Suzuki: 5,3
16. Fiat: 5,2
17. Daimler: 5,1
18. General Motors: 4,8
19. Mazda: 4,5
20. Land Rover: 4,3
На списокот се наоѓаат вкупно 100 марки. Mini е на 23-то место со 4,2 милијарди долари, Opel на 35-то место (2,6) и Skoda на 45-то место, со две милијарди долари. Калифорнискиот специјалист за електрични автомобили Tesla Motors се наоѓа релативно високо во споредба со многу поголемите марки – 46-то место за Американците и вредност од 1,2 милијарда долари.
















