Корејците ја проширија понудата на модели – со прототип на велосипед со електромотор. Двотркалецот со знак на Kia е претставен премиерно на салонот во Женева.
Електричниот велосипед на Kia е изработен во две варијанти. Едната е градски велосипед, втората е за по планини. Електромоторот е со моќност од 250 вати и испорачува вртежен момент од 45 њутнметри. Ова не е првпат Корејците да се занимаваат со возење на две тркала. Фирмата беше основана во 1944 година како производител на велосипеди.

Струјата доаѓа од батерија од 36 волти, што лесно се отстранува и се приклучува за полнење во струја. Градската варијанта на велосипедот на Kia му го олеснува вртењето на педалите на возачот до 40 километри. Батериите се полнат околу четири часови. Тежината и на обете варијанти изнесува околу 20 килограми. Според регулативата на ЕУ, електромоторот му помага на возачот до брзини од 25 километри на час, а повисоките брзини му ги препушта целосно на ножните мускули на возачот.
















