Mazda во освојувачки поход: Студијата Hazumi е идната Mazda2

Новите генерации на Mazda6 и Mazda3 предизвикаа одушевување и кај медиумите и кај купувачите. Следна на ред да го повтори подвигот е новата Mazda2. Студијата Hazumi открива како ќе изгледа моделот.

Очигледно е дека Hazumi продолжува по истиот пат како и нејзините претходници од повисоките класи. Дизајнерскиот јазик Kodo, кого што Јапонците го почитуваат уште од претставувањето на спортскиот теренец CX-5, прилега одлично и на автомобил од градската класа. Hazumi, односно Mazda2, изгледа привлечно со издадените крила и со впечатливата маска што ги спојува светлата со налутен поглед.

Линијата на страничните прозорци е слична како кај актуелната „двојка“, но силуетата е значително подинамична и поагресивна. Назад исто така се забележува сличност со актуелниот модел. Посебен акцент става двојната издувна цевка во средината на задниот дифузор.

Промените во кокпитот се многу поригорозни, со силен футуристички печат. Крајниот изглед на каросеријата и на внатрешноста, како и повеќе детали околу техниката во студијата ќе бидат познати по утрешната премиера на Hazumi на салонот во Женева.

Претходна објаваPeugeot 308 е автомобил на годината во Европа
Следна објаваSeat Leon Cupra: Шпанскиот GTI го има рекордот на Нирбургринг

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here