BMW стартуваше со производство на новиот M4

Во фабриката во Минхен денес започна сериското производство на новото M4 Coupe. За првпат по 40 години, во матичната фабрика на BMW повторно се произведуваат четири модели на иста линија.

Новата генерација на култниот М3, која што во согласност со новата моделска поделба на Баварците отсега се води како M4, денес стартуваше со производство во матичната фабрика на BMW во Минхен. Спортското купе се произведува на иста лента со лимузината и комбито од серијата 3, како и со стандардните купе модели од серијата 4. Последниот модел на спортското одделение M GmbH се произведе во оваа фабрика пред дури 23 години. Оттогаш спортските модели продолжија да се произведуваат во фабриката во Регенсбург.

Претходна објаваСалон во Женева: Бесплатно возење во Cadillac за новинарите
Следна објаваVolkswagen T-Roc: Спортски кросовер на местото на Scirocco

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here