Холдингот Woven Planet, кој е дел од Toyota и главен е за градот Woven City, по наше Плетенград, ја заврши првата голема зделка, со купувањето на Level 5. Тоа е огранок на Lyft, специјализиран за технологија за автопилотирано возење.
Со преземањето на Level 5 се зајакнува тимот од научници и софтверски инженери на истражувачкиот институт на Toyota, кој веќе извесно време работи во Плетенград, модел-градот на иднината што почива врз темели на стара фабрика во подножјето на Фуџи. Тоа е веќе тим од 1.200 членови, што се вбројува меѓу најголемите и најталентирани групи од експерти во делот на автопилотираното возење.
Level 5 донесува нова технологија во Плетенград, во форма на сензори, компјутери и софтвер, како и стратешки искуства во автоматизираното возење. Откако ќе заврши преоѓањето на поранешната компанија на Lyft во Toyota, Плетенград ќе добие и свои претставништва во Пало Алто / Калифорнија и Лондон / В. Британија.
Toyota ќе му плати околу 550 милиони долари на Lyft, со тоа што 200 милиони ќе се префрлат веднаш, а останатите 350 милиони во следните пет години.
















