за

Škoda го испорача првиот Enyaq iV

Норвешко семејство е прво во светот што ќе се вози во електричната Škoda Enyaq iV. По Скандинавија, следи Западна, а потоа и старт на продажбата во Централна Европа.

Уште еден голем ден во историјата на 13-децениската марка: 27-ми април е датумот кога е испорачан првиот примерок од првиот модел од новата генерација електрични возила на Škoda. Шампионите во електромобилноста, скандинавските држави, први добија контингент од Škoda Enyaq iV, во мај и јуни ќе следат Западна и Централна Европа.

Првиот примерок од Enyaq iV за приватен сопственик беше испорачан денес во норвешкиот Мос, на семејството Еспелунд/Талсете. Менаџерите на огранокот на Škoda во земјата очекуваат рекордна година, имајќи предвид дека постои голем интерес за електричните автомобили, а Enyaq iV е меѓу најнапредните и најспособни СУВ-модели на струја што моментно се достапни во компактниот сегмент.

Сопствениците на славеничкиот примерок од електричниот СУВ се Силје Талсете и нејзиниот партнер Ојвинд Еспелунд. Тие се решиле за Škoda Enyaq iV поради досегот, просторноста и привлечната цена. Кога ја направиле нарачката, тие можеле да го видат моделот само виртуелно. Затоа беше големо и изненадувањето, пријатно секако: „Слушнав дека Enyaq iV е просторен, но немаше да замислам дека ќе има толку просторна внатрешност. Посебно ме радува големиот багажник, што е од голема корист за млади семејства како нашето,“ изјави Ојвинд Еспелунд.

Enyaq iV е прв сериски модел на Škoda што е изработен врз модуларната електрична платформа MEB на групацијата Volkswagen. СУВ-моделот беше одликуван со пет ѕвезди и најдобра можна заштита на патниците на тестот за безбедност на Еуро НЦАП. Електричниот автомобил неодамна одвои награда и за својот дизајн, во рамките на Red Dot Award.

>>> Škoda Fabia во дизајнерски скици пред премиерата

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Плетенград Lyft

Lyft стана дел од Плетенград, модел-градот на иднината на Toyota

Volkswagen гради трета фабрика за електрични автомобили во Кина