Lyft стана дел од Плетенград, модел-градот на иднината на Toyota

Toyota Плетенград Lyft

Холдингот Woven Planet, кој е дел од Toyota и главен е за градот Woven City, по наше Плетенград, ја заврши првата голема зделка, со купувањето на Level 5. Тоа е огранок на Lyft, специјализиран за технологија за автопилотирано возење.

Со преземањето на Level 5 се зајакнува тимот од научници и софтверски инженери на истражувачкиот институт на Toyota, кој веќе извесно време работи во Плетенград, модел-градот на иднината што почива врз темели на стара фабрика во подножјето на Фуџи. Тоа е веќе тим од 1.200 членови, што се вбројува меѓу најголемите и најталентирани групи од експерти во делот на автопилотираното возење.

Level 5 донесува нова технологија во Плетенград, во форма на сензори, компјутери и софтвер, како и стратешки искуства во автоматизираното возење. Откако ќе заврши преоѓањето на поранешната компанија на Lyft во Toyota, Плетенград ќе добие и свои претставништва во Пало Алто / Калифорнија и Лондон / В. Британија.

Toyota ќе му плати околу 550 милиони долари на Lyft, со тоа што 200 милиони ќе се префрлат веднаш, а останатите 350 милиони во следните пет години.

>>> Toyota постави камен темелник на Плетенград

Претходна објаваМоделите на Renault ќе возат најбрзо до 180 километри на час
Следна објаваŠkoda го испорача првиот Enyaq iV

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here