Volkswagen гради трета фабрика за електрични автомобили во Кина

Започна изградбата на новата фабрика на Volkswagen во Кина во којашто ќе се произведуваат електрични автомобили врз платформата MEB. Фабриката во Анхуи е трета фабрика на концернот во Кина, наменета само за електрични автомобили, по Антинг (SAIC VW) и Фошан (FAW VW). Уште од старт, фабриката ќе работи со енергија од обновливи извори.

Volkswagen поставува уште еден темел за својата светска офанзива со електрични автомобили. До 2025 година, концернот Volkswagen ќе достигне годишна продажба од околу 1,5 милион возила со електричен и хибриден погон.

Фабриката во Анхуи ќе биде иновациски центар од светско значење за електромобилноста и ќе биде темел на стратегијата за декарбонизација на концернот. Кина е најголем пазар за електрични возила во светот.

Се гради врз темелите на некогашната фабрика на JAC, со неколку комплетно нови хали. Каросериското одделение ќе работи на површина од 141.000 m2, додека целиот проект опфаќа половина милион метри квадратни. Паралелно се гради и парк од добавувачи, кои ќе испорачуваат батерии и други делови.

Во 2025 година, во Анхуи ќе работат 500 лица, повеќето во истражување и развој. Во фабриката ќе се произведуваат електрични модели наменети за помладата група купувачи, коишто покрај квалитет, безбедност и трајна вредност, бараат и младешки, емотивен дизајн.

>>> Електричниот Volkswagen ID.4 е светски автомобил за 2021 година

Претходна објаваŠkoda го испорача првиот Enyaq iV
Следна објаваФирма носи возила нарачани онлајн директно пред врата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here