Избравме десет модели што во 2021 година ќе одбележат тресетгодишнина од првото појавување на пазарот. Три децении во некои земји важат како праг по кој возилата почнуваат да се водат како олдтајмери.
Времето сé помалку им влијае на „новите“ олдтајмери на автомобилската сцена. Седнувањето во совршено сочуван и негуван автомобил стар 30 години, не само што враќа назад во времето, туку и посредува посебно чувство во возењето. Следниве десет модели ги избравме како највпечатливи автомобили што верно го претставуваат духот на тоа време.
Цените што ги наведуваме за секој модел се однесуваат на вредности посредувани од познатиот Schwacke и важат првенствено за германскиот пазар, но секако се вредни за ориентација. Состојба 2 значи дека возилото во технички поглед е беспрекорно, но има мали траги од користењето. Состојба 3 се однесува на возило што нема поголеми технички и оптички недостатоци, што е регистрирано и безбедно е за возење.
VW Golf III

По седумаесет години од првото издание на милионерскиот автомобил, Volkswagen го претстави Golf III. Каросеријата имаше тркалезна форма, но концептот остана непроменет. Првпат се вградуваа воздушни перници. Верзијата VR6 имаше шестцилиндарец под хаубата. Друга важна новина беше TDI. Цена на изведба со 5 врати и мотор 1.8 со 75 КС, во состојба 2 изнесува 2.600 евра (состојба 3 се цени на 1.500 евра)
Mercedes-Benz S-Class (W 140)

„Најдобриот автомобил во светот“, како што гласеше рекламата при почетокот на продажбата, се соочуваше со два проблеми. Првиот се однесуваше на ниската носивост на моделите со фул-опрема, а вториот се однесуваше на ширината на лимузината, што оневозможуваше таа да се натовари на воз и да се пренесе на саканото одредиште. Mercedes го реши вториот проблем со воведувањето преклопливи ретровизор. Со текот на времето пристигаа бројни иновации, од ESP, преку говорни команди, до помош при паркирање. Затоа, пак, Mercedes уште од старт го вградуваше 12-цилиндарецот. Mercedes 300 SE со 3,2-литарец со 231 КС се цени на 11.100 евра (состојба 2) или 5.000 евра (состојба 3).
Opel Astra F

Во летото 1991 година заврши поглавјето на Kadett и стартуваше новото поглавје со Astra. Името асоцираше на астронаутика и на висока технологија, но новиот модел сепак продолжи да ја користи техниката од претходникот. Цената за 1.6i со мотор со 75 КС: 1700 евра (состојба 2) и 1100 евра (состојба 3).
Seat Toledo

Лимузината со техника од Golf II и Golf III беше прв модел што шпанската марка го разви откако во претходната година стана дел од концернот Volkswagen. Наследникот на Malaga долг 4,30 метри имаше голем багажник со зафатнина од 550 литри. Во развојот учествуваше и Volkswagen. Цената за 1.8 со 89 КС изнесува 2.200 евра (состојба 2), односно 1.000 евра (состојба 3).
Bugatti EB 110 GT

По заминувањето на последниот Bugatti од фабриката во Молсхајм во 1960 година, камбекот на француската марка се случи во 1991 година, со спортски автомобил од екстра класа. Моторот e 3,5-литарски V12, каросеријата е изработена од карбон, погонот е на сите тркала. Спринтот на Bugatti од место до темпо сто траеше само 3,5 секунди, крајната брзина изнесуваше 350 km/h. Премиерата се случи на 15-ти септември, на 110-годишнината од раѓањето на основачот Еторе Бугати. Цената на EB 110 GT тогаш изнесуваше 700.000 евра. Купето со 560 КС денес вреди повеќе: 800.000 евра за состојба 2, односно 520.000 евра (состојба 3).
Mitsubishi Space Wagon

Во есента 1991 година се појави пионерот меѓу вановите, во комплетно нова генерација, во замена за претходната што имаше деби во 1983 година. Една година подоцна следеше и новиот Renault Espace. Двата модела уживаа висока популарност. Во споредба со денешните ванови, Space Wagon со должина од 4,50 метри и висина од 1,60 метар повеќе личи како големо комби. Моделот 1800 GLi со тогаш новиот бензинец со 122 КС се цени на 2.600 евра (состојба 2), односно 1.200 евра (состојба 3).
Bentley Continental R

Луксузното купе натежнува со 2,4 тони врз вага, а како нов автомобил своевремено чинеше над половина милион дојчмарки. Четириседот од британската благородничка марка има мотор V8 од 6,75 литри со турбонатполнење. Со таков мотор, тешката лимузина постигнуваше перфорнанси на спортско купе. Тоа беше дотогаш најскап и најбрз Bentley. Цената за купето со 359 КС изнесува 45.300 евра (за состојба 2), односно 31.700 евра (сосбојба 3).
Porsche 968

Наследникот на 944 само малку се разликуваше во каросеријата. Под хаубата работеше преработен трилитарски V4, кој ја понесе титулата на четирицилиндарец со највисок вртежен момент во тоа време. Со преработен вшмукувачки тракт и варијабилни брегасти вратила, моторот постигнуваше 305 њутнметри. Крајната брзина на автомобилот со 239 КС надминува 250 km/h, а спринтот трае 6,5 литри. Тоа е последен модел со трансакцијален концепт на Porsche (мотор напред, менувач на задната оска). Купе изведбата почнува од 24.000 евра (состојба 2), односно 14.000 евра (состојба 3).
Audi 80 (B4)

Четвртата генерација е последното Audi 80, пред наследникот да стартува под новото име A4 во 1994 година. Моделот првпат доби шестцилиндарец, кој постигнуваше 174 КС. Некои бензинци можеа да се комбинираат со погон на сите тркала quattro. Со соборување на задната клупа се добиваше багажник од 1.100 литри. Цената за 2.0 E со 115 КС изнесува 2.500 евра (состојба 2), односно 1.200 евра (состојба 3).
BMW серија 5 Touring (E34)
M5 веќе беше класика во понудата на серијата 5, кога BMW првпат понуди комби изведба Touring од својот модел од вишата класа. Големото комби беше совршено за семеен превоз и повеќе беше осмислено како возило за посебен животен стил, отколку како возило за работа. Задниот поклопец е дводелен. Цената за 520i со 150 КС изнесува 6.400 евра (состојба 2) и 3.300 евра (состојба 3).

















